ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Зидојче Цајтунг: Словенечкиот премиер ја зголеми нервозата во Брисел

March 29, 2021 18:26
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Словенечкиот премиер Јанез Јанша со испланирана провокација ја избегна дебатата за медиумските слободи во Словенија во Европскиот парламент. Ваквото однесување ја зголеми нервозата во Брисел поврзана со претстојното словенечко претседателство со ЕУ, пишува денеска германскиот весник Зидојче Цајтунг.

Весникот од Минхен пишува дека Јанша, „приврзаник на Виктор Орбан и Доналд Трамп, жесток антикомунист и теоретичар на заговор“, бил поканет од поткомитетот на Европскиот парламент за демократија, владеење на правото и основните права на онлајн дебата за состојбата со слободата на медиумите во неговата земја.

Според весникот, ова се редовни сослушувања на кои претходно присуствувале и други премиери, но Јанша само „се вклучил, инсистирал на краткорочна промена на дневниот ред, не се согласил на никакви компромиси, предизвикал скандал, а потоа тој и неговиот министер за култура се правеле глуви“.

– Европските пратеници прво беа запрепастени, а потоа и лути, пишува весникот, а пренесува порталот „Еурактив Србија“.

„Зидојче Цајтунг“ наведува дека Јанша инсистирал на дискусијата да се прикаже видеото што наводно го добил неколку часа претходно и оти сите убедувања тој претходно да го изнесе својот став „биле неуспешни и веројатно не требало да бидат успешни“. „Јанша инсистираше на подготвеното видео, зборуваше за цензура и – избега“, а потоа на Твитер го објави видеото за наводни напади на левичарски врз десничарски новинари.

– Неколку дена пред тоа, Јанша на Интернет објави видео со наслов „Владеењето на правото на словенечки начин“, со кое очигледно сакаше да докаже дека пост-комунистичките клики стратешки ги поткопуваат општеството и политиката, пишува Зидојче Цајтунг.

Германскиот весник потсетува дека медиумите во Словенија беа во тешка позиција и пред Јанша да стане премиер по трет пат во последните 20 години со неговата коалиција на десниот центар.

– Со години се известуваше за влијанието на унгарските олигарси врз словенечкиот медиумски пазар. Јанша и неговата партија СДС градат своја конзервативна империја околу 24 Нова ТВ и бројни регионални весници. Последниот акт беше притисок врз државната новинска агенција СТА и јавната телевизија РТВ, се наведува.

Според весникот, Јанша ги гледа медиумите во Словенија како дел од „посткомунистичката левичарска инструментализирана машинерија во распаѓање“, новинската агенција СТА ја нарекува „национална срамота“ и бара кривична истрага против нејзиниот директор, а РТВ е под финансиски и политички притисок и од 1 април треба да добие нов директор кој е „по волја на Јанша“.

Според „Зидојче Цајтунг“, словенечките медиуми пишуваат и за формирање на алтернативна новинска агенција, Национална новинска агенција (НТА), со помош на финансиери од партијата СДС на Јанша.

Весникот ја пренесува оценката на новинарот Блаж Згага, дека во Словенија, по „распадот на СТА, со државни пари треба да се гради нова агенција“ и оти „директната цел за контрола над информативните и медиумските куќи е контрола над целата земја“. /МИА/

Next Post

Во Лондон денеска нема пријавено смртни случаи како последица од Ковид-19

НАЈНОВО

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
Фото: Скриншот, видео Јутјуб, Скај

(ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

November 4, 2025
Скриншот

Војната во Судан излегува од контрола, алармираше генералниот секретар на ОН на конференција во Катар

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа зборува, Македонија стои

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk

ПРВА ЛИНИЈА