Нема пријавено смртни случаи во Лондон како последица од Ковид-19 по втор пат оваа година, покажуваат официјалните податоци, пренесува Би-Би-Си.
Бројките од Јавното здравство на Англија (PHE) за 28 март покажаа дека нема регистрирано смрт на пациенти во рок од 28 дена по позитивниот тест за коронавирус.
Во текот на јануари, кога беше пикот, беа регистрирани повеќе од 200 смртни случаи на ден поврзани со вирусот во главниот град на В. Британија.
Лондон, епицентарот на првиот бран на пандемијата минатата година, сочинуваше 12% од сите смртни случаи на коронавирус во Велика Британија.
Ј. Ѓ.







