ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНА

Интерактивната еко-мапа со цел полесно лоцирање и решавање на еко-проблеми

March 30, 2021 13:41
in ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА
Share on FacebookShare on Twitter

Екомапа.мк е интерактивна алатка за граѓаните која би помогнала за соодветно мапирање на еко-проблемите во нашата земја, за полесно заедничко дејствување на граѓанските организации во решавање на одредни проблеми и поголема соработка со надлежните институции. Оваа корисна алатка е изработена во рамките на проектот „Да зборуваме за климатските промени“ на „Еко-свест“, CNVP и Движењето на еколозите на Македонија, а беше промовирана денеска на вториот ден на Националната конференција за клима.

За интерактивната мапа денеска зборуваше Ангел Кузманов од Здружението „Еко-свест“ од Скопје.

Идејата, како што наведе тој, се родила како резултат на комуникацијата со Делегацијата на ЕУ и Министерството за животна средина и просторно планирање и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Мапата е изработена во текот на минатата година, а при крај е изработката и на мобилна апликација.

– Самото пријавување проблеми дава можност за прикажување слики од настаните за добивање реален приказ за конкретниот проблем, а делот за коментари овозможува директна комуникација помеѓу корисниците со цел заедничко решавање на одредени проблеми или давање совети за соодветни акции. Доколку повеќе лица пријават ист проблем на исто место, самата апликација ќе ги групира проблемите и пријавите на едно место за да не се јавува повторување на истиот проблем. Со ова би се обезбедиле соодветни податоци доколку некој сака да направи анализа во која ќе ги разгледува, на пример, запалените шуми во текот на една календарска година, објасни Кузманов.

Екомапа.мк е изработена во соработка со организациите кои работат на заштита на животната средина, со цел да се добијат што е можно повеќе релевантни податоци. Тие отстапиле нивни интерни мапи и со тоа ја направиле апликацијата побогата.

– Апликацијата е направена за да може да ја користи кој било граѓанин на РС Македонија. Во моментот сѐ уште имаме можност да направиме подобрувања и прилагодувања на мапата, па во прв момент како најрелевантни за користење на мапата ги гледаме нашите колеги од граѓанскиот сектор, а особено организациите кои се занимаваат со заштитата на животната средина. Би ве замолил секој што има сугестија да ни се обрати на [email protected], повикува Кузманов.

Како што појасни тој, секој што сака да пристапи кон мапата тоа може да го стори на www.ekomapa.mk, да креира корисничко име и лозинка.

Изработено е и видео во кое се објаснети начинот на пристапување до апликацијата, како и основните функции за преглед и навигација со мапи и пријавување на настани.

– Во првичниот концепт на еко-мапа идејата беше да се развијат две апликации, една за граѓанскиот сектор и општата јавност, со цел известување на проблемите и една интерна за државните органи за алоцирање на проблемите до конкретните органи и нивно решавање. Проектната идеја не беше финално прифатена од страна на ЕК, но се надевам при добро користење на оваа апликација дека можно е и тој проект повторно да се актуелизира. Ние во секој случај сакаме да ги вклучиме државните органи во функционирањето на еко-мапа како релевантни чинители за решавање на еко-проблемите. Информациите кои ќе им бидат достапни, државните институции можат да ги користат за правење на анализи, стратешко планирање, а оние инстутции кои работат на терен можат да ги користат податоците и како поддршка во нивната секојдневна работа, вели Кузманов.

Тој истакна дека идејата е секоја инстутиција да добие и свои кориснички групи и корисници со цел да можат да известат доколку некој проблем бил надминат или доколку сакаат да искомуницираат со пријавувачите.

Мапата, како што наведе тој, ќе се надградува со наредни проекти, да биде што подолгорочна, а во иднина и во подобра соработка со државните органи.

Проектот „Да зборуваме за климатските промени“ е финансиран од Европската Унија.

извор: МИА

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Мицкоски: Потребно е зголемување на кредитот за автопатот Кичево – Охрид

July 14, 2025

(ВИДЕО) Трамп: Многу сум разочаран од Путин, воена опрема вредна милијарди долари ќе биде испратена во Украина

July 14, 2025

(ВИДЕО) Трамп ѝ се закани на Русија: Ќе испратиме „врвно оружје“ до НАТО сојузниците и Украина, ако не прекине војната за 50 дена

July 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Мицкоски и Николоски се возеа по автопатот Кичево – Охрид: Аце, одлично изгледа ова, ако беше лесно немаше сигурно да бидеме ние

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Измени во Законот за возила, станиците за технички преглед ќе даваат потврда за регистрирано возило

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Приказна за лавот и глушецот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од „свадба без невеста“ до сликање на автопат: Власта се гордее со проект што до вчера го нарекуваше фијаско

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Дуња Иванова вицешампионка на Балканското првенство во МТБ Маратон

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk