ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Рекорден број новозразени во Грција, Комисијата на епидемиолози утре ќе разгледа олабавување на мерките

March 30, 2021 18:27
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Комисијата на епидемиолози од Министерството за здравство на Грција, утре ќе одржи состанок за да ја разгледа епидемиолошката слика во земјата и можноста за олабавување на рестрикциите како што е отворање на малопродажбата или на училиштата, но и да се укине забраната за движење меѓу општини, јави дописничката на МИА од Атина.

Во грчките медиуми понеделник се споменува како можен термин за отворање на продавниците, а владината портпаролка Аристотелиа Пелони во интервју за радиото „Параполитика“ рече дека Владата на комисијата и претставила рамка со опции за одредени активности и очекуваат одговор.

Останува отворено прашањето како денешните податоци за ситуацијата со Ковид-19 во земјата ќе влијаат на утрешните одлуки на надлежната комисија со оглед на тоа дека беа регистрирани рекорден број нови случаи, рекорден број на пациенти приклучени на апарати, но и зголемен број направени тестови.

Националната организација за јавно здравје соопшти 4.340 нови случаи на Ковид-19, првпат над 4.000 од почетокот на пандемијата, починаа 72 лица, а 741 пациент е приклучен на апарати на Одделите за интензивна нега во грчките болници.

Во изминатите 24 часа биле направени 23.158 ПЦР тестови и 42.821 рапид тест.

Од почетокот на пандемијата, починаа вкупно 8.017 лица, а регистрирани се 260.077 позитивни случаи.

Грција од 7 ноември 2020 година е во карантин и со воведен полициски час, со исклучок на мали временски периоди кога постоеше олабавување на мерки, додека пак областа Атика, поширокиот регион на Атина во строг карантин е од 11 февруари. /МИА/

Next Post

Лимитот за максимум 30 отсто навивачи се укинува пред ЕП во фудбал

НАЈНОВО

Фото: Фејсбук профил на Сијарто

Сијарто: Унгарија нема да дозволи Украина да стане членка на ЕУ

November 5, 2025
Фото: МИА

Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа зборува, Македонија стои

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk