ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПАНДЕМИЈА

ЕМА не утврди фактори на ризик за згрутчување на крвта во случаите по имунизацијата со АстраЗенека

March 31, 2021 18:08
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Европската агенција за лекови (ЕМА) денеска соопшти дека засега не идентификувала фактори на ризик како што се возраст, пол или претходна историја на згрутчување на крвта во случаите на згрутчување на крвта пријавени по имунизација со вакцината на АстраЗенека против Ковид-19.

ЕМА повтори дека предноста од вакцината го надминува ризикот.

Во денешното соопштение се вели дека Комитетот за безбедност на ЕМА (PRAC) се состанува денеска, во контекст на тековниот преглед на многу ретки случаи на невообичаени згрутчување на крвта поврзани со низок број на тромбоцити, кај луѓе вакцинирани со вакцинатана АстраЗенека, која сега се нарекува Ваксзервија.

ЕМА свика ад хок состанок на експертска група во понеделникот за да обезбеди дополнителен придонес во тековната проценка, се посочува во денешното соопштение. Независни надворешни експерти со низа медицински специјалитети, вклучително и хематолози, невролози и епидемиолози, дискутираа за специфични аспекти како што се можни механизми,евентуално идентификување на основните фактори на ризик и кои дополнителни податоци се потребни за понатамошно карактеризирање на набљудуваните настани и потенцијалниот ризик. Исходот од овој состанок ќе го дискутира PRAC и ќе се вклучи во тековната проценка.

„Во моментов, ревизијата не идентификува никакви специфични фактори на ризик, како што се возраста, полот или претходната медицинска историја на нарушувања на коагулацијата, за овие многу ретки настани. Последична врска со вакцината не е докажана, но е можна и понатамошната анализа продолжува“, се вели во соопштението.

ЕМА најави дека евентуално ажурирање на препораките за употреба на оваа вакцина се очекуваат за време на априлската пленарна средба, која се одржува од 6 до 9 април.

Лекарите препорачуваат вакцинираните лица да побараат медицинска помош доколку по примената вакцина добијат симптоми како што се недостиг на здив, болка во градите, отекување на нозете и постојана болка во абдоменот. Покрај тоа, сите лица кои развиваат невролошки симптоми по вакцинирањето, вклучително и силни или постојани главоболки и заматен вид, како и оние кои неколку дена по инјектирањето развиваат модринки или црвенкасти дамки (петехии) далеку од местото на примената вакцината, мора веднаш да побараат медицинска помош. /МИА/

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

СДСМ во Скопје ќе настапи со свој кандидат, во игра се и Ралев и Шукова

July 15, 2025

Времето не работи за нас, потребни се храбри одлуки за ЕУ сега, истакна Филипче

July 15, 2025

Советот на ЕУ не постигна договор за воведување на еден од најстрогите пакет санкции кон Русија

July 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Премиере, кочи малку оти ќе се тумбаме

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски ја саботира европската иднина – Македонија сама се блокира

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Национализмот на вечната жртва

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ујдурмата на „Маркет Вижн“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Никола Димитров на Сими Симпозиум: Ако ЕУ остане без вредности, тогаш е ништо!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk