ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Денот на шегата зад маската на пандемијата

April 1, 2021 16:47
in ДЕНЕС, МОЗАИК, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Рој од дечиња претворени во волшебнички, суперхерои, спортисти и многу други костуми, низ годините на 1-ви април дефилираа на нашиот плоштад. Оваа година има неколку маски, истите се на дистанца, придружени од родителите кои ја носат маската на годината – заштитната маска од ковид – 19.

Денеска е 1 април, денот на шегата. Децата со различни желби, родителите со само една, што поскоро да се ослободиме од заштитните маски од нашите лица.

Низ земјите во светот, Денот на шегата секоја година се слави на 1-ви април. Овој ден не е национален празник, но, секаде се прославува како ден кога многумина прават разни весели шеги и загадочни трикови на пријатели, членови на семејството, наставници, соседи и колеги.

МИА излезе на терен за да ја долови годинашната атмосфера на Денот на шегата кај нас. Наидовме на разиграни дечиња, маскирани во најразлични маски. Дел од децата споделија дека за жал, оваа година, своите маски не ги претставија на училиште, бидејќи наставата, поради пандемијата со ковид – 19 е онлајн.

Родителите, пак, споделија дека е видлива разликата од претходните години. Нема гужва и протоколите ја ограничуваат забавата, велат тие. Дополнуваат дека е важно да ги почитуваме протоколите, но и да не заборавиме да го зачуваме духот, за сето ова да помине побрзо и полесно.

Претходници на Денот на шегата се римскиот фестивал Хиларија, кој е поврзан со доаѓањето на новата сезона и „обновувањето на радоста“, кој се одржувал на 25 март и средновековниот Фестивал на шегата, кој се одржувал на 28 декември. Обичајот да се прават добронамерни шеги на соседите е традиција прифатен низ целиот свет.

Насмевката е лек а шегата го продолжува животот, затоа сите, да заборавиме на миг на околностите, да се пошегуваме, да се насмевнеме, и со тоа да го одбележиме денот на шегата кој е наменет за забава и ширење на смеа помеѓу луѓето. На денешниов ден маскирајте се доколку имате можност и споделете некоја шега, барем и виртуелно, таков е денот, но и ситуацијата, за која, сите се надеваме дека ќе помине што поскоро, како на шега.

извор: МИА

Next Post

Вакцината на Фајзер/Бионтек е ефикасна 91 процент, штити и од јужноафриканската мутација

НАЈНОВО

ДИК: Од обработени 59,93 проценти од гласовите за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски – 62,65%, Амар Мециновиќ 32,16%

November 2, 2025

Трет извештај на ЦИВИЛ: Над 230 извештаи од теренот, случаи на ограничено гласачко право и партиски притисоци

November 2, 2025
Скриншот

ДИК: Навреме затворени сите избирачки места, гласањето помина без никакви проблеми и потешкотии, излезеноста 45,71 отсто

November 2, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Мики Секуловски за инцидентот на Цеца со бугарското знаме во Велес: Не забележав, требаше побрзо да реагирам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ првични резултати: Ѓорѓиевски со тројна предност пред Мециновиќ во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 1 и 2 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот е леб со историски адитиви на кои им поминал рокот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВИ не е Гугл, туку соработник: Како да ја користите вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk