ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Франција ќе поддржува проекти за климатска акција и за заштита на животната средина

April 1, 2021 15:27
in ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини оствари средба со регионалниот директор на Француската агенција за развој (AFD) Доминик Отберг, на која присуствуваа и францускиот амбасадор Сирил Бомгартнер и директорка на регионална економска служба на Амбасадата со седиште во Софија Флоренс Добел.

Регионалниот директор Отберг истакна дека Агенцијата има мандат од Француската Влада од 2018 година за присуство во повеќе земји од регионот, кои имаат аспирации за членство во ЕУ. Досега се присутни во три земји од Западен Балкан, а со  потпишувањето на Договор за спроведување на активности на Француската агенција за развој во Северна Македонија, се очекува конкретни активности во државава да започнат следната година.

Отберг ги презентираше областите на интерес на Агенцијата во регионот на Западен Балкан и посочи дека поддржуваат проекти од различни области, но пред се оние кои имаат директен и позитивен бенефит заснован на Парискиот климатски договор.

Најприоритетна област за Северна Македонија, според Отберг во животната средина би биле проектите кои имаат допирни точки со Договорот од Париз за клима, поврзани со водите, енергетиката, урбаниот развој, транспортот, заштитата на природните ресурси, енергетската ефикасност и сл. Механизмот за поддршка подразбира техничка  помош, обезбедување  заеми, грантови, директни заеми на општини, наменети пред се за идентификување и развивање на проекти релевантни за одржлив економски развој.

Во тој контекст министерот Нурдини информираше за тековните проекти и активности на Министерството за животна средина и просторно планирање. Посебно нагласи дека  во правец на исполнување на целите од климатскиот Договор од Париз, во тек е изработка на Закон и Долгорочна стратегија за климатска акција и дека истите се очекува до крајот на годината да бидат донесени. Но дека поддршка и помош секако ќе ни биде потребна во процесот на нивна имплементација и во остварување на интерсекторската соработка пред се на секторите транспорт и економија.

Покрај проектите поврзани со климатските промени и амбициозните национални придонеси кон Договорот од Париз, Нуредини ја потенцираше и можноста за соработка во делот заштита на природата, која исто така беше препозната како област од заеднички интерес. Посочени беа можностите за соработка во  делот на воспоставување и националниот парк Шар Планина по усвојувањето на Законот за негово прогласување, како и на други проекти за заштита на биодиверзитетот и природните вредности.

Се отворија и прашањата за можна соработка во делот на воспоставување на основната инфраструктура во управувањето со отпад.

Next Post

Денеска е ставена во функција модуларната болница во Штип (ГАЛЕРИЈА)

НАЈНОВО

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
Фото: Скриншот, видео Јутјуб, Скај

(ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

November 4, 2025
Скриншот

Војната во Судан излегува од контрола, алармираше генералниот секретар на ОН на конференција во Катар

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа зборува, Македонија стои

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk