Пристигнаа 20.000 вакцини Спутник V втора донација од Србија, истакна премиерот Заев на прес-конференцијата одржана заедно со министерот за здравство Филипче, пред Институтот за трансфузиона медицина, кој е во составот на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје.
Заев изрази голема благодарност до претседателот на Србија и српското раководство за донацијат. Тој нагласи дека пристигнуват два пати по 20.000 вакцини Спутник V, како донација од Србија.
Новата пратка вакцини доаѓа откако во неделата во земјава преку Ковакс механзимот пристигнаа 24.000 вакцини од „АстраЗенека“ произведени во Јужна Кореја, како и втората пратка од руската вакцина „Спутник В“, наменета за ревакцинација на 3000 здравствени работници.
Според најавите, до крајот на април преку Ковакс механизмот во земјава треба да пристигнат уште 76.000 вакцини од „АстраЗенека“, како и дози од други производители, со кои треба да продолжи процесот на масовна имунизација на населението, што започна од вчера со вакцинација на лицата повозрасни од 77 години.