Српската полиција утрово упадна во станот на претседателката на движењето „Живеам за Србија“ Јована Стојковиќ и нејзиниот сопруг поради, како што е наведено во судската одлука, ширење на страв и паника.
Јована Стојковиќ важи за еден од најгласните противници на вакцинирањето во Србија, кажа дека полицијата ѝ упаднала во станот зашто се залага за слобода на избор при вакцинирањето на децата.
Српските медиуми истакнуваат дека Стојковиќ е политичарка и психијатарка која среде пандемијата на коронавирусот продолжува јавно да ги изнесува своите ставови кои се спротивни на официјалните препораки и мислењето на струката.
Инаку, по налог на српското министерство за внатрешни работи, на Јована Стојковиќ одземена и е и нејзината фејсбук-фан страна, каде имаше илјадници следбеници. „Оваа страница е одземена по налог на посебното обвинителство за борба против високотехнолошки криминал“, стои во објавата што осамна на фејсбук-страната „Движење за Србија – Д-р Јована Стојковиќ“
извор: Слободен печат
			




