ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПАНДЕМИЈА

Филипче: Се соочуваме со пикот, нема потреба од дополнителни рестриктивни мерки

April 2, 2021 13:31
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за здравство, Венко Филипче денеска уште еднаш повтори дека засега нема потреба од воведување дополнителни рестриктивни мерки поради КОВИД-панедмијата. Како што рече по отворањето на модуларната болница во Прилеп, нема знаци дека има ризик од некаков експлозивен раст што би било знак дека треба да се воведат такви мерки.

Сепак, предупреди, здравствениот систем е под огромен притисок каков што не бил никогаш во историјата. Се соочуваме со пикот и со досега најсилниот бран, но тоа е нешто што се случува буквално во сите околни земји, во цела средна Европа, па и во останатите земји на северната полутопка.

Филипче апелира граѓаните да продолжат да ги почитуваат мерките, нагласувајќи дека сега ситуацијата е исклучително ризична и критична.

-Имаме балансирани мерки. Тоа значи дека има рестрикција во движењето затоа што дететктиравме дека по затворањето на угостителските објекти, многу млади се собираа по отворени површини и тука воопшто не се почитуваа превентивните мерки. Имаме важечки рестриктивни мерки насекаде, за сите објекти, сали и собири и угостителските објекти и не сме виделе никаде проблем каде превентивните мерки се почитувааат. Секогаш е проблемот кога не се почитуваат мерките, истакна Филипче.

Според него, во однос на дополнителните рестрикции, земјава ги следела примерите од другите земји.

-Видовме и многу потешка рестрикција едноставно не даде резултат. Напротив, многу земји се соочија со уште посилен бран од тоа што се соочуваме ние. Очигледно дека локалната трансмисија го прави своето. Дури и евентуално некоја дополнителна мерка како дополнителна рестрикција по примерот на другите земји, видовме дека не даде никаков ефект. А како го гледаме резултатот од тоа што ние што го препорачавме во смисла да нема експоненцијален раст на бројот новозаразени што би значело огромен притисок кон болниците што не би можеле да го издржиме, а тоа ние го немаме со дополнителна преадаптација на кревети. Секој пациент добива здравствена услуга и во таа смилса дури и денешната сегашна бројка од околу 1.200 укажува на тоа дека имаме некаква форма на плато, напомена министерот, одговорајќи на новинатрски прашања.

Филипче потеницра дека благодрение на брзата прераспределба и брзата реорганизација на системот на ротација, здравствените работници добро го амортизираат сегашниот КОВИД-удар.

-Ниту еден пациент не е оставен без соодветна болничка заштита за што морам да им се заблагодарам и да им честитам на пожртвуваната и посветена работа. Тоа значи дека во секоја болница, па и тука во Прилеп се прави планирање на дневна основа, но и среднорочно во смисла на тоа кои одделенија ќе бидат преадаптирани, дококу е потребно и доколку дополнитлено се зголемува бројот на пациенти, подвлече Филипче.

извор: МИА

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Францускиот долг расте за 5.000 евра секоја секунда

July 16, 2025

Многу лопови, пола држава!

July 16, 2025

Со докази од Скај комуникација откриен шверц на кокаин

July 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мини‑делница, макси‑пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски ја саботира европската иднина – Македонија сама се блокира

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Национализмот на вечната жртва

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Премиере, кочи малку оти ќе се тумбаме

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Гласот на Бранка Станковска повторно се слуша – благодарение на македонскиот стартап „Tytl“ и вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk