ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Грчката Влада со 330 милиони евра ќе ги поддржи угостителите што се затворени веќе пет месеци

April 2, 2021 10:41
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Пакет од 330 милиони евра за обезбедување обртен капитал за угостителските компании со цел набавка на суровини за првите два-три месеци кога ќе почнат со работа, најави грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, на состанокот за поддршка на угостителите во Грција, кои веќе пет месец, од почетокот на ноември се целосно затворени, јави дописничката на МИА од Атина.

Средствата се од европски фонд наменет за периодот 2021-2027 година и се однесуваат на мали и средни компании.

Висината на помошта е седум отсто од прометот во 2019 година, максималниот износ е утврден на 100.000 евра по компанија и е неповратен, а еден од условите е во 2020 година намалувањето на прометот да било најмалку 30 отсто во споредба со една година претходно.

Грчкиот премиер на средбата со претставници на угостителите рече дека целта на програмата е подготовка за иднината, односно да добијат поддршка кога повторно ќе почнат со работа.

Кафулињата, рестораните, таверните и останатите угостителски објекти во Грција затворени се од 3 ноември 2020 година, а според најавите, веројатно ќе бидат меѓу последните сектори што ќе почнат со работа во рамките на постепеното олабавување на мерките.

Според грчките медиуми, угостителите би можеле да отворат најрано пред Велигден, но во зависност од епидемиолошката слика во земјата, не е исклучена можноста почетокот на работа да се одложи за месец мај, односно непосредно пред отворањето на туризмот закажан за 14 мај.

За време на првиот карантин лани, угостителските објекти беа затворени два месеци.

Next Post

Стојков: Дали ќе дозволиме тоталитарното минато да влезе во нашата заедничка европска иднина

НАЈНОВО

Фото: Скриншот, видео НАСА на Јутјуб

Војаџерите на НАСА открија „ѕид од оган“ на работ од Сончевиот систем

November 3, 2025

Премиера на театарската претства КОСА: Порои на бес

November 3, 2025

Идентификувани телата на тројца израелски војници вратени од Хамас, меѓу нив и највисоко рангиран офицер

November 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Мицкоски: Факт е дека гласачите од ВЛЕН не излегоа и не го поддржаа Орце Ѓоргиевски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ првични резултати: Ѓорѓиевски со тројна предност пред Мециновиќ во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Мики Секуловски за инцидентот на Цеца со бугарското знаме во Велес: Не забележав, требаше побрзо да реагирам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избирачко место во Раовиќ без ниту еден глас – 214 запишани, нула излезност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДИК ги објави конечните резултати за советници во 80 општини; Прегласување само во Шуто Оризари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk