ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНА

Коалицијата за клима бара граѓанските здруженија да и се придружат во борбата со климатските промени

April 2, 2021 15:51
in ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Годинава ќе биде пресудна за многу законски иницијативи и затоа треба да го зајакнеме нашето членство и да ги зајакнеме нашите капацитети на дејствување. Се надеваме дека 25-те членки на Коалицијата за клима до крајот на годината ќе се удвојат, рече Ана Чоловиќ-Лешоска од „Еко-свест“ на денешната онлајн работилница за граѓански организации од областа на климата и екологијата во рамките на Националната конференција за клима.

Неколку граѓански организации чиј фокус на работа е екологијата, климатските промени, шумарството се согласија дека заемното врежување и соединување на човечки капацитети ќе помогне за силна граѓанска средина која ќе може да влијае и врз донесувањето одлуки на државата.

Мора да се обрне внимание и поголем фокус и врз едукацијата на децата и младите, посочи Маја Марковска од „Милиеуконтакт Македонија“.

-Треба да ги научиме младите дека само со заедничка акција, можеме да направиме нешто повеќе за климатските промени, рече Марковска.

Коалиција за клима, Архус-мрежа, Платформа27  се дел од граѓанските мрежи отворени за соработка, кои се активни и кои заеднички настапуваат во реализација на повеќе проекти од климатските промени.

Еден од партнерите на „Еко-свест“ во реализацијата на Националната конфренција за клима, е CNVP, чиј фокус на работа се шумите, како еден од најважните екосистеми за зачувување на биодиверзитетот и ублажување на климатските промени, како и локалниот економски развој, CNVP е присутна на Балканот со канцеларии во нашата држава, Албанија, Косово, Црна Гора, БиX и во Србија.

-Дел од активностите кои ги работиме се одржливо стопанисување со шумите и недрвните шумски производи, на регионално ниво спроведуваме проект за борба против корупција и илегална сеча во шумарството, како во делот на климатските промени, истакна Кристина Бужароска, шумарски инженер и претставник на CNVP.

Својата работа ја претставија и Центарот за климатски промени, кој постои од 2008 година. Нивниот фокус е поддршка на индустријата за подобрување на перформансите и намалување на негативните ефекти врз животната средина.

Вмрежувањето ни е главна можност за подобрување на нашите капацитети, истакна Љиљана Јоноска од Рурална коалиција, во која членуваат 45 здруженија.

-Многу ми е драго што сите го гледаме бенефитот од здружувањето и што се сретнуваме во рамки на повеќе платформи и мрежи. Земјоделстовто и руралниот развој ни е главниот фокус и се насочивме кон развој на свеста за климатските промени. Треба да се вложи многу во земјоделскиот сектор за зголемување на свеста, да се подобри земјоделската пракса. Мораме да ја смениме свеста дека само владата, а не ние како индивидуалци или здруженија треба да се занимаваме со промените. Поразително е што ниту една од општините нема изготвен активен план за климатски промени и на ова мора да се работи, потенцира Јоноска.

Бојан Трпевски од здружението „Млади правници“ посочи дека во наредниот период ќе се осврнат на организирање повеќе обуки за членови на граѓанските организации за креирање проекти.

-Имаме големо искуство во изготвување закони, а сакаме да помогнеме да имаме еколошки организации кои ќе знаат да се борат, да понудиме правна поддршка на членките на коалицијата за клима. Која било од членките може да се обрати кај нас доколку се соочува со некој правен проблем. Во 2019 година поднесовме тужба за аерозагадувањето во Скопје, лани во Битола, а годинава во Струга за непреземање мерки за санирање на дивата депонија, рече Трпевски.

Коалицијата за клима е формирана во јуни 2020 година, а за нејзините досегашни активности зборуваше Елена Николовска од „Еко-свест“.

извор: МИА

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Мицкоски: Потребно е зголемување на кредитот за автопатот Кичево – Охрид

July 14, 2025

(ВИДЕО) Трамп: Многу сум разочаран од Путин, воена опрема вредна милијарди долари ќе биде испратена во Украина

July 14, 2025

(ВИДЕО) Трамп ѝ се закани на Русија: Ќе испратиме „врвно оружје“ до НАТО сојузниците и Украина, ако не прекине војната за 50 дена

July 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Мицкоски и Николоски се возеа по автопатот Кичево – Охрид: Аце, одлично изгледа ова, ако беше лесно немаше сигурно да бидеме ние

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Измени во Законот за возила, станиците за технички преглед ќе даваат потврда за регистрирано возило

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Приказна за лавот и глушецот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од „свадба без невеста“ до сликање на автопат: Власта се гордее со проект што до вчера го нарекуваше фијаско

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Дуња Иванова вицешампионка на Балканското првенство во МТБ Маратон

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk