ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Словачкиот амбасадор Маркуш: Поддршка за земјата на патот кон членството во ЕУ, преку соработка со Народната банка

April 2, 2021 11:15
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Словачка е силен поддржувач на евроинтеграциските стратегиски цели на вашата земја. Оттука, предвидена е можност за воспоставување соработка во повеќе сегменти, меѓу другото и во доменот на централнобанкарското работење. Народната банка е силен партнер за остварување на овие предвидени активности, преку размена на искуства и стекнување нови знаења во соработката со централната банка на Словачка и ѝ подаваме рака за спроведување заеднички проекти и забрзување на соработката.

Ова, како што соопшти Народната банка, го истакна словачкиот амбасадор Хенрих Маркуш, на средбата со гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска, иницирана од негова страна, заради поддршка на Народната банка преку спроведување повеќе проекти.

На средбата, гувернерката изрази благодарност за искажаната поддршка и се осврна на воспоставените релации со централните банки од Европскиот систем на централни банки, меѓу другото и со Народната банка на Словачка, со коишто нашата централна банка неодамна успешно го заврши твининг-проектот „Jакнење на институционалниот капацитет на Народната банка на патот кон нејзиното членство во ЕСЦБ“.

–Размената на искуства со европските колеги и стекнувањето нови знаења е постојана заложба на Народната банка, што е и значајна алатка преку којашто се гради капацитетот и се зајакнува независноста на институцијата. Со ова се овозможува подобро исполнување на нашите цели и задачи, обезбедувајќи значителен придонес за развојот на економијата во полза на сите граѓани и компании, истакна гувернерката.

Ангеловска-Бежоска посочи дека нашата централна банка во својот домен на работењето има интерес за воспоставување потесна билатерална соработка со Народната банка на Словачка, продолжувајќи ја иницијативата на нејзиниот гувернер, Петер Кажимир.

Словачкиот амбасадор Маркуш и гувернерката Ангеловска-Бежоска изразија цврста заложба за продлабочување на соработката.

извор: МИА

Next Post

Д-р Даниловски: Едвај се наоѓа време да се отспие некој саат, нема назад

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

По Израел, САД втора земја што ја прескокна ревизијата на ОН за човекови права

November 7, 2025

Каде го загубивме чувството за срам?

November 7, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Данска ќе воведува минимална возраст од 15 години за одредени социјални мрежи

November 7, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Panem et circenses“ – „леб и игри“ во стил на Орце и Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Скандал на Мис Универзум: Натпреварувачките го напуштија настанот по навредата кон Мис на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Макрон го повика сирискиот претседател да се приклучи на коалицијата против ИД

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 7 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk