ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

ФИТР: Рекордни 706 апликации за кофинансирани грантови за технолошки развој за забрзан економски раст

April 6, 2021 14:53
in TECH FRONT, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Вкупно 706 домашни компании аплицираа на Јавниот повик за  кофинансирани грантови за технолошки развој за забрзан економски раст на Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) што заврши денеска. Ова, според ФИТР, е рекорден број доставени апликации во рамки на кој било досегашен јавен повик спроведен од Фондот.

За време на повикот кој траеше 60 дена, за потенцијалните корисници беа одржани 20 инфо сесии, а апликацискиот пакет го презеле дури 1588 компании.

Вкупниот буџет на јавниот повик изнесува 6 милиони евра, односно 2.500.000 денари за микро претпријатија, до 5.000.000 денари за мали и до 10.000.000 денари за средни претпријатија. Преку овој повик, ФИТР обезбедува 70 отсто од буџетот на проектот за микро или мало претпријатие или 60 проценти за средни претпријатија.

-Главната цел е да се поддржат домашните компании да создадат услови за надминување на последиците од економската криза, да остварат забрзан раст, да ја зголемат конкурентноста на меѓународните пазари преку воведување нови, иновативни, напредни, „зелени“ и дигитални технологии за нивна трансформација. На повикот освен микро, мали и средни претпријатија, можност да аплицираат имаа  и приватните здраствени установи (ПЗУ), наведува ФИТР.

За компаниите кои аплицирале, следи процес на примарна селекција на предлог проектите, во која оценувањето ќе го вршат домашни стручни лица од 22 области на експертиза. Оценувањето се врши врз основа на следните критериуми: технолошки напредок и степен на дигитализација (35 поени),  квалитет на проектот (10 поени), капацитет на проектниот тим (10 поени) и влијалние на проектот со по 45 поени. Предност при оценувањето на предлог проектите ќе имаат компаниите кои имаат жени управители и доаѓаат од различни региони, со цел да се поттикне рамномерниот региoнален развој како и женското претприемништво.

Во втората фаза проектите ќе ги разгледува Комитетот за одобрување инвестиции (КОИ), независно тело составено од петмина меѓународни експерти. На нивно барање опционално е предвиден и пичинг (јавна презентација) на предлог-проектите. За селектираната листа на предлог-проекти, тимот на ФИТР ќе врши административна проверка, односно дали апликациската документација е потполна. Потоа следува донесување финална одлука од страна на Комитетот за одобрување инвестиции, според дефинираните критериуми.

Покрај Ноел Грегор Патерсон Џонс и Вибху Шарма, чиј мандат започна во 2019 година, пред два месецa КОИ доби тројца нови членови, односно Марвин Лиао, Ашер Сидики и Гунтер Фелингер. Лиао кој беше избран за нов претседател на КОИ, бил извршен директор во „Yahoo!“ повеќе од една деценија. Тој е поранешен партнер на „500 Startups“ и  Бизнис Ангел со над 19 години искуство во ризичен капитал, технолошки бизниси и стартапи. Марвин инвестирал во 500 стартапи од 2014 година. Ашер Сидики има над 20 години искуство во корпоративен развој, со реализирани зделки вредни околу 8 милијарди американски долари. Тој бил исто така дел од „500 Startups“ во САД но и дел од менаџерскиот тим кој ја водеше трансформацијата на „Етисалат“ во ОАЕ. Ашер својата кариера ја започнал како претприемач во Велика Британија и САД кон крајот на 90-тите.

Третиот од новите членови на КОИ, Гунтер Фелингер е генерален Секретар на CEE BC – Австрија. Последните 28 години, Гунтер патува и придонесува за трансформација на бизнис секторот во Централна и Источна Европа и одлично ги познаваа економиите и предизвиците на младите претприемачи и нови бизниси во регионот. Гунтер по 11 години живеење во Албанија, Црна Гора и Косово, од 2016 година е позициониран во Киев.

За апликантите кои ќе бидат одбиени, ФИТР воведе нова менторска програма за да ги доразвијат своите проекти и да аплицираат повторно во иднина.

извор: МИА

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Британскиот регулатор за лекови разгледува предлози за ограничување на употребата на вакцината на Астра Зенека кај помлади луѓе

НАЈНОВО

Судот на правдата на ЕУ: Ударот од гром во авион е оправдана причина за големо задоцнување

October 16, 2025

Навреди во Битола: Кандидат на ВМРО-ДПМНЕ ја прогласи ‘нусето Габриела’ за умрено!

October 16, 2025
куче

„Лајка“ полни 5 години: Вдомете куче и почувствувајте го пулсот на хуманоста

October 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Уставен суд ја отфрли иницијативата на Левица за оспорување на Упатството на АВМУ за локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бранко Црвенковски во Охрид го потврди бегството во спротивниот табор – во друшво со Пецаков

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Гарабаја: Да ја победиш Барселона мора да си перфектен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Битола 8 кандидати за градоначалник и 16 листи за Совет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руски одек на локалните избори: Мали партии со „големи пораки“ и тиха битка за јавното мислење

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk