ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Николовски: Владата и студените се на иста страна, заеднички градиме меѓусебна доверба и систем за борба против корупцијата

April 7, 2021 17:20
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Денеска, заменикот на Претседателот на Владата за борба против корупција и криминал, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, одржа работен состанок со директорот на Државниот студентски дом – Скопје, Виктор Велевски и претседателката на УСС-УКИМ, Ева Цветковска.

На состанокот вицепремиерот Николовски го презентираше Планот за борба против корупција со посебен акцент на мерките и активностите наменети за високообразовните институции и студентските домови како и задолженијата кои произлегуваат и се однесуваат на јавните институции.

„Планот за борба против корупцијата е од отворен тип и ги повикувам сите млади, студентите и претставниците на студентските домови проактивно да се вклучат во креирање на мерки и политики за спречување и сузбивање на корупцијата во областите за кои тие се засегнати, односно во универзитетите, студентските домови, целокупниот процес на студирање, постапките за сместување на студентските домови и трошењето на јавните финасии’ – посочи Николовски.

Директорот на Државниот студентски дом – Скопје, Виктор Велевски ја образложи актуелната состојба во домовите кои се под негова надлежност. Директорот го потенцираше намалувањето на долговите на домовите, кои биле наталожени во годините наназад како еден од неговите најголеми приоритети. Преку ангажирање економски оператори, воспоставени се нови стандарди и постигнато е значително подобрување на квалитетот на исхраната. Забележан е и инфраструктурен прогрес, завршени реновирања и реновирања во тек. Активно се работи на уредување на дворовите на домовите како и изградба на 4 игралишта во соработка со Агенцијата за млади и спорт. Велевски наведе дека и студентските домови како и други структури ви општеството подлежат на корупција која е забележано најзастапена во тендерските постапки.

„Потребно е намалување на учеството на човечкиот фактор при склучување и реализација на договорите за јавни набавки. Во делот на сметување на студентите во студетските домови, оваа постапка е целосно модернизирана, електронска при што се намалени ризиците од коруптивно однесување’ – рече Велевски.

Претседателката на УСС-УКИМ, Ева Цветковска истакна дека клучните проблеми при борба со корупцијата ги детектираат во недоволната доверба на студентите во институциите кога се работи за пријавување коруптивни дејствија и незапознаеноста со постапките и процедурите.

Вицепремиерот Николовски посочи дека Владата иницира јасни правила и процеси, брза детекција и максимална посветеност на сите засегнати чинители во борбата против корупција. Транспарентно и одговорно се дејствува за градење меѓусебна доверба и создавање средина која ќе ги обликува моралните и етичките стандарди на сите млади луѓе.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Судир на полицијата со демонстрантите во Белград. Фото: Скриншот, Н1

„SafeJournalists“: Ситуацијата е надвор од контрола – бараме итна заштита на медиумските работници во Србија

July 3, 2025
Фото: Укринформ

Осум загинати во нови руски напади врз Украина

July 3, 2025

Сиљановска Давкова околу усвојувањето на извештајот во ЕП, вели „се е можно да се случи“

July 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Забрчанец: Имавме серија потврди за македонскиот идентитет од 2017 до 2024 – дали иницијативите на Мицкоски се осмислени за да не успеат?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Српската полиција тепа студенти пред Правниот факултет во Белград, блокади во голем број градови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Александра Наќева Ружин нов претседател на Советот на амбасадори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk