ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПАНДЕМИЈА

Претставници на ОН и СЗО повикаа на правичност во периодот на закрепнување од последиците од Ковид-19

April 7, 2021 10:07
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Светската здравствена организација и нејзините сестрински агенции од системот на Обединетите нации по повод 7 април, Светски ден на здравјето, ги повикуваат сите лидери и меѓународни партнери да се водат од начелата на инклузивност и правичност при правењето планови за одговор на Ковид-19 и за закрепнување од последиците од пандемијата, со цел да се изгради поправичен и поздрав свет за сите.

Од канцеларијатата на СЗО во Скопје соопштија дека пандемијата со Ковид-19 ги изнесе на виделина постоечките разлики меѓу луѓето од аспект на возраста, родот, образованието, вработувањето, пристапот до чиста вода и чист воздух и, секако, пристапот до здравствена и социјална финансиска заштита. Овие неправичности, како што посочуваат, се бариери за поздрав живот и за подобар пристап до здравствени услуги и им нанесуваат штета на нашите општества и економии.

– Зошто врз одредени луѓе Ковид-19 остави потешки последици во споредба со други? Работите се едноставни: тие луѓе најчесто имаат полоша работа, понеквалитетно домување, живеат во
посиромашни заедници и пристапот до социјална поддршка и здравствена заштита им е потежок
отколку на другите. Време е секој да добие подеднаква шанса и да се издигнеме од пепелта на
пандемијата на начин што во иднина нема да ни биде целта само да преживееме, туку да
просперираме, вели во пишана изјава регионалниот директор на СЗО за Европа, д-р Ханс Клуге.

Како што стои во соопштението од канцеларијатата на СЗО во Скопје, Ковид-19 жестоко ги погоди сите земји, но негативното влијание врз граѓаните во рамките на една земја беше нерамномерно распоредено. Премногу често, како што се потенцира, најтешки последици трпеа токму ранливите заедници, кои беа поизложени на болеста и со отежнат пристап до квалитетни здравствени услуги. Како последица од ваквата состојба, овие заедници се под поголем ризик од појава на негативни последици како резултат на мерките што се спроведуваат за запирање на ширењето на пандемијата.

Според министерот за здравство Венко Филипче, правичност за сите во поглед на здравјето е основен услов за развојот на една држава.

– Министерството за здравство и целата Влада беспоштедно работат на елиминирање на сè тоа што значи непотребно страдање на луѓето, болести што може да се избегнат и прерана смрт. Го подигнавме капацитетот на здравствениот систем за пружање нега на болните од Ковид-19 и за спроведување соодветни антиковид активности во делот на јавното здравје, истовремено одржувајќи го пружањето на есенцијални здравствени услуги. Владата веднаш презеде активности за заштита на здравиот живот, како што беше замрзнувањето на цените на основните прехранбени артикли, лековите и други производи, штитејќи ги на тој начин работните места и економијата, ја пренесува пораката од Филипче во соопштението канцеларијата на СЗО во Скопје.

Одделни пораки упатија и Росана Дуџак, постојан координатор на Обединетите нации во Северна Македонија и Патриција Ди Џовани, претставник на Фондот за децата на Обединетите
нации (УНИЦЕФ) во Северна Македонија.

– Во екот на една од најголемите здравствени кризи во поновата историја, на овој Светски ден на
здравјето мораме сите искрено да им се заблагодариме на лекарите, медицинските сестри и
техничари, фармацевтите, административниот кадар во болниците и на многу други здравствени
работници кои неуморно работат и спасуваат човечки животи. Наша должност е со сите сили да се
трудиме да водиме што поздрав живот, да носиме маска, да одржуваме хигиена и да држиме
растојание едни од други со цел да се стави крај на пандемијата на Ковид-19, изјави Дуџак.

Според Ди Џовани, пандемијата со Ковид-19 поткопа многу темели врз кои почива пристапот на децата до здравствена заштита, образование и детска заштита.

– Сведоци сме на намален број услуги за децата во делот на дијагностиката, лекувањето на хронични заболувања и примарната здравствена заштита заради стравот на родителите од можно инфицирање на децата со вирусот. На глобално ниво, ограничувањата на движењето, карантините, преминот кон учење на далечина и намалената социјализација негативно влијаеја врз менталното здравје на децата, што беше идентификувано како клучен ризик по здравјето на децата кој директно произлегува од пандемијата. Како што владите ширум светот потрошија милијарди долари за да ги спасат своите економии, исто така постои итна потреба да се инвестира во децата за да се спречи здравствената криза да прерасне во криза со правата на децата, порача ДиЏовани.

Раководителката на канцеларијата на Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА) Афродита Шаља Плавјанска посочува дека ако пред пандемијата со КОВИД-19 повеќе од половина од жените и девојките во земјата беа жртви на некаков вид насилство, сега таа бројка е уште повисока.

Весна Ивановиќ-Кастаред, раководителка/програмски специјалист на канцеларијата на телото на Обединетите нации за родова еднаквост и зајакнување на жените (UNWomen) во Северна Македонија, пак порача сите да работат заедно со цел секоја жена и девојка да се чувствува безбедно и да ја добие услугата која ѝ е потребна за нејзината добросостојба!.

– Ковид-19 ги продлабочи родовите нееднаквости, ставајќи уште поголем товар врз грбот на
здравствените работнички. Тие се на првата линија на фронтот во борбата против вирусот и сите
ние треба да им оддадеме признание за придонесот што го даваат и да им искажеме поддршка и
благодарност, порача Ивановиќ-Кастаред.

Како што истакнува Жихан Тавила, претставник на СЗО во Северна Македонија, СЗО е посветена на заложбата секој секаде да може да го оствари своето право на добро здравје.

– Успешни национални развојни политики се оние кои целат кон надминување на разликите во
здравјето и кои позитивно влијаат на здравјето и добросостојбата. Потребен е заеднички настап со
усогласени мултисекторски пристапи кон решавање на проблемите. Истовремено, ги повикуваме лидерите да посветат внимание на проблемот со неправичностите во поглед на здравјето, како и да обезбедат сите луѓе да имаат пристап до квалитетни здравствени услуги тогаш кога и таму каде ќе им бидат потребни, вели Тавила.

Политиката на СЗО за правичност во поглед на здравјето ги посочува следниве мерки како области
со најголем потенцијал да донесат позитивна разлика, особено ако се спроведуваат заедно: намалување на товарот од плаќањата од сопствениот џеб за здравствени услуги, овозможувајќи на тој начин здравствената заштита да биде пристапна и ценовно достапна за сите, зајакнување на социјалната заштита со цел да се намалат нееднаквостите во приходите и да се гарантира едно основно ниво на сигурност на приходите, зголемување на вложувањата во квалитетно и ценовно пристапно домување и во безбедни населби полни со животна енергија, проактивно да им се помага на луѓето да најдат пристојна и здрава работа и да се намали невработеноста, зајакнување на образованието и на доживотното учење, имајќи предвид дека подобрувањето на литературната и нумеричката писменост им помага на луѓето да преземат контрола врз сопствениот живот и зголемување на граѓанското учество, намалување на криминалот и создавање на социјални врски.

Кампањата во Северна Македонија во врска со овогодинешната тема на Светскиот ден на здравјето ќе се одвива низ цела 2021 година почнувајќи од денеска, при што ќе се користат социјалните мрежи и виртуелните средби каде ќе може да се слушнат сведоштва од голем број поддржувачи на начелото за правичност во поглед на здравјето, стои во соопштението.

извор: МИА

Next Post

Филипче по повод светскиот ден на здравјето: Најголема моја заложба е вакцинацијата да ја завршиме побрзо, имаме ефекасен систем за вакцинирање

НАЈНОВО

Фото: МИА

Марш за ангелите во Кочани: Родителите до институцииите – „Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми“

November 8, 2025

Алиу: Примената на вештачката интелигенција во медицината помага за подобрување на дијагностиката, во пилот – фаза е и проектот за теле-медицина

November 8, 2025
Футуристички колаж со човечки профил во силуета, неуронска мрежа што се спојува со галактичка светлина во златно-сини тонови – симбол на свесниот универзум.

Космосот што размислува: Науката зад идејата за свесен универзум

November 8, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот беше актер, а вморонот декор, сега вморонот е актер, а Македонецот декор!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 8 и 9 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сем Алтман – што може GPT-5 и за колку време да очекуваме научни достигнувања од ВИ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алиу: Примената на вештачката интелигенција во медицината помага за подобрување на дијагностиката, во пилот – фаза е и проектот за теле-медицина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk