ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Бесими: Јавниот долг во рамки на проекциите

April 8, 2021 12:41
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Јавниот долг е во рамки на проекциите. Тоа што беше предвидено во Буџетот до крајот на 2021 година да биде  63,4 отсто, државниот долг 53, 2 отсто, а заклучно со крај на февруари државниот долг е 48,3 отсто, а јавниот долг е 56,7 отсто, изјави министерот за финансии Фатмир Бесими на денешната прес-конференција во Владата.   

Тој додаде дека во текот на годината со оглед на ликвидноста за тоа што се задолживме со еврообврзницата ќе се одрази во вториот квартал со повисока стапка, но тоа е времено само заради отплата на старото задолжување, отплата на 500 милиони евра обврзница од 2014 година.

Тоа, уште од сега најавувам дека ќе има еден сметководствен ефект во вториот квартал, но сепак во рамките на годината ќе остане на нивото на тоа што е предвидено во Буџетот за 2021 година.  

Повтори дека имаме среднорочен план за фискална консолидација и во однос на јавниот долг,  државниот долг поконкретно и во однос на дефицитот на Буџетот.  

-Во рамките како што го планиравме јавниот долг, односно државниот долг – задолжувањето на нето основа од 560 милиони оваа година е 280 нето на надворешен пазар и остатокот на домашен пазар. Со тоа ние помагаме да носиме дополнителни финансиски средства од странските пазари, странски капитал – девизи во нашата економија што значи дополнително е финансиска инјекција за нашата економија. И од тој аспект ние сметаме дека целосно ќе се оствари тоа што е предвидено, барем во овој период – првиот квартал тоа ни го покажува, појасни минисерот за финансии. 

Дополните во тој контекст на финансиите дека исклучително беше важна и координацијата на фискалната и монетарната политика. – Како на светско ниво и кај нас имаше голема фискална експанзија, а во исто време адекватна монетарна политика, што помагаше да се релаксираат финансиите во нашата  економија, а притоа во ниту еден момент да не се загрози финансиската стабилност во економијата, рече Бесими.

Според него во оваа фаза тоа што е важно, а е и една од главните теми на пролетните состаноци со Светска банка и ММФ е макроекономската стабилност, стабилноста во финансиите и потенцијалите за развој и заздравување на економијата во овој период на пандемија, а и долгорочни стратегии за раст на економијата.

извор: МИА

Next Post
Фото: РСМ

Знамето на Ромите подигнато пред зградата на Владата

НАЈНОВО

ТВ Телма за објавата на Апасиев: Имаме професионален и еднаков однос кон сите кандидати

October 30, 2025

Мицкоски: Нашата држава повторно станува силна, стабилна и горда

October 30, 2025

СДСМ: Нема никаква поддршка за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Сотир Лукровски

October 30, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Апасиев: Орце бега од дебата на Телма со Амар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Марко Виденовиќ за настапот во „Музикферајн“: Кулминација на совршенство, волшебна ноќ со која испишавме нова страница во историјата на македонската култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Разговор на двајца аналфабети од градски политики

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кипар воведува семафори со женски фигури за пешаците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Глобален пад на Microsoft услугите: Погодени Azure, Microsoft 365, Xbox и авионски компании

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk