Откако Владата на Република Северна Македонија ја донесе Одлуката за распределба на средства остварени по основ на надоместок за производство на енергија од фосилни горива како наменски дотации на општините, Министерството за животна средина и просторно планирање ја започна постапката за доделување на средства во вкупен износ од 38.744.498,00 денари како наменски дотации на општините Новаци, Битола, Могила, Кичево, Неготино, Гази Баба, Аеродром, Кисела Вода, Центар и Чаир.
Министерството веќе достави барање до посочените општини за доставување на Програма и активности за управување со животната средина со предложени проекти, која треба да биде усвоена од Советите на општините и врз основа на која ќе можат да ги добијат одобрените средства. Реализацијата на предложените активности, за што со општините пооделно ќе бидат склушени договори треба да заврши до крајот на годината.
Инаку, средствата од оваа одлука се распределуваат согласно критериумите утврдени во Уредбата за методологија за распределба на средствата остварени како приход од надоместокот за производство на енергија од фосилни горива.



