Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски известува за заедничка акција на нашата полиција и Американската агенција за борба против наркотици – ДЕА. Како што наведува министерот Спасовски, во акцијата е запленета дрога во вредност од над 800.000 евра, а приведен е и висок полициски службеник.
„Во голема полициска акција заедно со Американската агенција за борба против наркотици – ДЕА запленета е дрога во вредност од над 800.000 евра, приведен е висок полициски службеник. Продолжуваме заедно со нашите стратешки партнери во неселективна борба против криминалот.“, напиша министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на Фејсбук.




