ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Цивил одбележа пет години од „Шарената револуција“

April 12, 2021 14:44
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Центарот за слобода Цивил, денеска одбележа пет години од почетокот на Шарената револуција која започна на 12 април 2016 година. На денешниот настан од организацијата потсетија дека општеството мора да остане будно и да се спротивстави на антидемократските тенденции и кампањи.

На настанот кој беше пренесуван во живо преку фејсбук страницата на платформата се обрати и министерот за правда, Бојан Маричиќ, кој сподели дека шарената револуција ни донесе слобода, која сега мора да ја чуваме и унапредуваме и дека борбата за човекови права и слободи, правда, слобода и еднаквост во нашето општество продолжува и дека тоа е континуиран процес.

Велевме „Нема правда – Нема мир“ и сега од позиција на министер, функција на која сум само неколку месеци, чувствувам огромна одговорност, но и задоволство што заедно со Владата работиме на зацврстувањето на правната држава и враќањето на довербата на граѓаните во правниот систем, изјави Маричиќ.

За Маричиќ паролата „Нема правда – Нема мир“ е уште жива и е водилка која ни покажува дека никогаш не смееме да го изгубиме фокусот од правдата како фундамент за секое развиено и модерно општество.

Новинарот Зоран Иванов, на настанот, за оваа револуција и сите налик неа, кажа дека никогаш не се случуваат случајно, тие, според него се манифестираат експлозивно, но, им претходат процеси на масовна граѓанска разочараност, резигнираност па и на апатија.

– По правило таквите изрази на незадоволство од власта се исклучиво граѓански, нема политичка или партиска сила која може да го покрене народот ако кај нас граѓаните нема чувство на таа акумулирана неправда која не е неправда на миг, туку неправда на процес, на време, изјави Иванов.

Дел од настанот беа и повеќе активисти помеѓу кои беше и Владанка Димковска, активистка, актерка од Куманово, која сподели дека е среќна што живее во општество каде што може да зборува гласно и да не ѝ биде страв да го каже своето мислење, бидејќи на револуцијата се борела токму за тоа.

Пораката на Цивил, по повод овој ден е: Борбата за човекови права и слободи, правда, слобода и еднаквост во нашето општество продолжува. Сеќавањата на Шарената револуција мора да продолжат да живеат како сведоштва за моќта на гласот на обесправените, моќта на граѓанките и граѓаните кои сите овие години не останаа неми, глуви и слепи на неправдите.

извор: МИА

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Генерирано со ВИ

На аеродром во Индија пронајдени 48 отровни змии и пет желки во куфер

June 2, 2025

Инзаги утре ќе одлучи каде ќе ја продолжи тренерската кариера

June 2, 2025

Зошто појадокот е најважен оброк?

June 2, 2025

НАЈЧИТАНО

  • СДСМ: Правеле зграда каде што била предвидена улица, хаос со дивоградбите во Чаир

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Додека лавчињата се касаат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • На Мицкоски му било жал што Арсовска добивалa закани по живот, таа вели – ми спуштаат на 192 кога ќе се претставам кој се јавува

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Данела, Чаир и медиумскиот смут во улога на заштитник на политичко – урбаниот криминал

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) СБУ тврди дека руското военовоздухопловство претпело штета од седум милијарди долари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk