ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ ТРИЧКОВСКИ

Поглавицата легнува со жена, се буди со коњска глава, ја бакнува и оди на работа!

August 30, 2025 11:08
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ТРИЧКОВСКИ, ФРОНТ
Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ

Се обидувам да се нурнам во патриотската супа од вморонски мозок, за да видам што ќе рече челната кнедла на моето прашање: ако влезот на Бугарите во Уставот претставува опасност од бугаризација, нели ви се чини дека со првиот воз по пругата кон Бугарија, во Скопје ќе стигне бугарскиот нацрт на новиот македонски устав?

Еве ви убава тема за палење на широките народни маси од македонски атоми и тоа според комунистичкиот принцип од Брчко-Бановиќи: вие ја градите – пругата ве гради вас. Имате сѐ во една мочана пруга: ем ќе ја изградите пругата како европски проект и ќе го продолжите глупавото, за ќулафка пуканки, мајмунско кокетирање со евроинтеграциите, ем ќе го задржите наративот за Бугарите како смртна опасност со што ќе ја подгревате антиевропската манџа, а тоа што испаѓа дека самите ја внесувате Македонија во челуста на лавот е особено инспиративна за просерување по телевизиите и за штипење на очите на Македонците: Солзи сами течат, прости ми, тука е вмро да ви подаде марамче.

Како живеете во отсуство на елементарна логика и минимум консеквентност, макар била таа и злосторничка?

И најголемите криминалци и манијаци имаат некаков кодекс!

Вие легнувате да спиете со жена, а да се будите со коњска глава (Кум), се бричите и одите во Штабквартирата откако ќе ја бакнете коњската глава и ќе ѝ кажете „убав ден срцка!“

Не како да е сѐ во најдобар ред, туку сѐ ви е така, вие немате моќ да разликувате жена од коњска глава.

И сега откако решивте по толку загубено време и енергија во глупаво инаетење да ги отворате железните врати кон „крвниот непријател“ што ќе правите со уставните промени?

Прашувам!

Со коњската глава на Уставот!?

Македонија е градинка во која вмроните ја играат улогата на власт, а другите деца на простата маса на народот.

Ај да си играме држава.

Така почнува секој ден во градинката.

Еве еден поглед од внатре.

Казните за луѓето кои пешачат и разговараат на телефон ќе ги исправи луѓето пред избор: или пешачење или телефонирање!

Јас мислам дека повеќето ќе се откажат од пешачењето.

Со улици и сообраќајници без пешаци, безбедноста во сообраќајот ќе биде максимална.

Тоа е генијалната идеја на другарот Панче.

Браво Панче!

Плус ќе можат да се вработат десетина илјади полицајци кои ќе се самофинансираат со процент од напишаните казни.

Десет отсто ќе бидат доволно.

Ако еден полицаец секој ден фаќа по десет неодговорни граѓани кои телефонираат додека пешачат, ќе им одреди по сто евра казна што значи дека за полицаецот ќе останат сто евра секој ден.

Минимум, а казанот на буџетот ќе се прелева од пари за плати и пензии.

И пруги, нормално.

Идејата да се одредуваат казни врз основа на снимки од улични камери не е лоша ако полицијата има техника да ги препознава лицата кои управуваат со возилото со кое е направен прекршок. Значи, не да се казнува возилото и сопственикот на возилото туку возачот.

Ако тоа не можат да го прават ќе мораат да го стават под строга контрола судството затоа што по основата што ја наведов сите ќе можат да ја тужат полицијата и да бараат оштета, а таа пред нормален суд би ги загубила сите процеси.

Сообраќајот се одвива според автоматизиран систем, тој се регулира самиот себе, никој не ги ебе сообраќајните знаци освен тие кои му кажуваат на човекот како од Скопје да стигне до Штип без да оди во Берово и тука никакви казни не можат да променат ништо.

Сообраќајната полиција има смисла само при несреќи и пречки на патот или, порано, кога ги заебаваше граѓаните кога некој претседател, премиер, или диктатор, ќе дојдеше во посета.

Сега, откако светот престана да доаѓа во Македонија, тоа е исклучено.

Ако влезете во реката камиони и автомобили пред Милано или по германските автопатишта, сѐ што ве регулира е темпото на сообраќајот.

Кој е страшен.

Том Волф, лево ориентиран писател кој ја почитува невронауката и еволутивната психологија, е загрижен за моралните импликации што тие ги донесуваат. Тој пишува дека кога науката дефинитивно ќе ја убие душата како последно прибежиште на вредностите, ќе уследи циркус кој ќе биде така чудовишен што Ничеанскиот израз за „целосното помрачување на сите вредности“, ќе изгледа благ.

Македонците не мораат да ги чекаат најновите дострели на еволутивната биологија, понеже душата им ја уби вмро-дпмне.

Новинарите  Ендру Фергусон и Бранко Тричковски би рекле дека сега се само „кукли од месо“.

Затоа што поимот на самиот себе – внатрешното јас кое произведува самодисциплина, го одлага задоволувањето, го контролира сексуалниот апетит, избегнува насилство и злосторничко однесување- внатрешното јас кое може да ја развива интелигенцијата и да се вивне со сопствени напори до највисоките животни врвови низ учење, вежба, истрајност и одбивање да се предаде и кога изгледите се слаби – тој старомоден поим на успехот низ настојување и вистинска упорност, вмро-дпмне го уби и веќе сега исчезнува, исчезнува, исчезнува…

Премиерот и министерката за финансии можат да рекламираат паштети „Аргета“ како подобрата страна на лебот од комуњарската или Ариел и Вениш, особено ако ѝ ја намалат платата на Кочоска, и да зборува колку овие средства се подобри од комуњарските свински сапуни и пирајки по малите потоци, но бесмислено е, смешно е да зборуваат за економските и социјални успеси на владата бидејќи главната партија во таа влада, демек, вмро-дпмне, одамна ја уништи човечката, интелектуалната, трудољубивата, моралната и сета друга основа за економскиот културен и секаков друг развој на Македонија кој не е циркузантски, за многу години, можеби и децении напред. Уништени се култовите кон учењето, работата, кариерата врз основа на способностите и трудот. Тоа што Кочоска е министерка, Мицкоски премиер, а Сиљановска претседателка, со Лигњата како потпретседател и министер, се доказ за тоа дека критериумите се побркани и уништени и дека пропаѓаме така што секое дно ни се отвора и нѐ спушта еден спрат пониско до следното дно кое исто така се отвора.

Нема кој да работи, а тие што сакаат – не знаат.

Никаква пропаганда тука не може да поправи ништо.

Ја имаме комплетната вморонска, значи идиотска, структура на смртта.

Панимаете, што гавару, дарагие комитки унд комитен!?


Специјално за ПРВАТА ЛИНИЈА. Текстот е личен став на Авторот. Сите права се задржани.
Next Post

Филипче од Струмица: Не ветувам лесен пат, ветувам борба со главата високо, за враќање на асномската идеја

Shortcut

Најново

Тематска дебата на СДА Македонија: Северна Македонија помеѓу европската интеграција и “Српскиот свет”

July 31, 2026

ХРОНОЛОГИЈА НА ЕДЕН ДИГИТАЛЕН КОШМАР: Како вештачката интелигенција ги премина безбедносните бариери и го вклучи црвениот аларм во дигиталната индустрија

July 31, 2026

Премиерата на „Три сестри“ во МНТ со превод на англиски јазик

July 31, 2026

Митева: На 16 август уште еден голем настан во Струмица за 35 години независност

July 30, 2026

Герасимовски: СДСМ мора да се обедини и да се врати на терен, да ги вратиме дебатите во партиските простори

July 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Џабир Дерала

    Кога и цртањето на табла не помага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Митева: На 16 август уште еден голем настан во Струмица за 35 години независност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ХРОНОЛОГИЈА НА ЕДЕН ДИГИТАЛЕН КОШМАР: Како вештачката интелигенција ги премина безбедносните бариери и го вклучи црвениот аларм во дигиталната индустрија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Герасимовски: СДСМ мора да се обедини и да се врати на терен, да ги вратиме дебатите во партиските простори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вештачење од 2024 година: Мазутот од РКМ не предизвикал загадување, а ТЕЦ Неготино ѝ заштедила милиони на државата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk