ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Преку анализа Стопанската комора ќе ја подобрува вработливоста во пет плански региони

April 12, 2021 12:52
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Нова анализа за потребите на Министерството за образование и наука за предвидување на потребата од работна сила и понудата на кадар со соодветни квалификации кои треба да ги обезбеди образовниот систем, спроведува Стопанската  комора во рамките на проектот „Образование за вработување“ поддржан од Швајцарската агенција за развој и соработка. Истражувањето треба да обезбеди релевантни показатели за моменталната и следната побарувачка на вештини од страна на работодавачите во петте плански региони во земјава и да ја подобри вработливоста на работната сила

Покрај тоа, како што истакна Наташа Јаневска од Стопанската комора на денешната прес-конференција, ќе се добијат и  податоци колку навремено се задоволуваат потребите за вештини на работната сила и како ќе се обезбедуваат во иднина, како и податоци за очекувањата на работодавачите во однос на новите вработувања и потреба од вештини со кои треба да располагаат лицата за да бидат конкурентни при вработувањето и да се планираат нови вработувања за соодветни занимања.

-Врз основа на оваа анализа, која е продолжување на претходната за понудата и побарувачката, ќе се детерминираат потребите од квалификации и вештини, имајќи во предвид дека развојот на техниката, технологијата и сите промени кои се случуваат во реалниот сектор бараат обезбедување на нови квалификациски вештини за да може да се фати чекор со промените и да можеме да се адаптираме на нив, рече Јаневска.

Посочи дека проблемот со немање соодветно квалификувани кадри на пазарот на труд создава пречка кај компаниите да ги пополнат своите работни места со кадар со повисоко ниво на квалификации.

-Динамичноста на економијата бара соодветно образование и дополнителни обуки. Затоа разбирањето на состојбата на пазарот на труд на работна сила е една од главните елементи за предвидување и планирање, но и за обезбедување и развивање на потребните вештини и квалификации, а со тоа и усогласување на потребите на пазарот на труд на понудата и побарувачката. Резултатите од анализата ќе бидат основа од која ќе се градат заеднички ставови на бизнис секторот од една страна и државата од друга страна што ќе овозможи понатаму да се подготвуваат стратегии за идни вложувања на компаниите, а со тоа и идни вработувања, рече Јаневска и додаде дека тоа ќе придонесе за креирање на образовни програми според потребите на реалниот сектор на национално, регионално и локално ниво и креирање соодветни активни програми и мерки за вработување преку Агенцијата за вработување.

Таа посочи дека потребата од развој на нови квалификации според барањата на реалниот сектор или адаптирање на постојните ги менуваат потребите на пазарот на работна сила, а токму движењата на понудата и побарувачката на работна сила имаат клучно значење за економскиот развој на државата.

Националниот експерт за проценка и анализи на пазарот на труд и образованието проф. д-р Благица  Новковска посочи дека анализата ќе се однесува на идентификување на состојбите со понудата и побарувачката на пазарот на трудот со предвидување на состојбите и специфичностите на локално ниво.

Првичните информации, како што нагласи, покажуваат дека е сериозна состојбата во Скопскиот плански регион каде има и висока понуда на слободни работни места, но и побарувачка.

-Има вештини кои ги побарува бизнис секторот и реалниот сектор, но нема понуда на таков кадар каков што им е потребен. Во Источниот регион има висока побарувачка, но нема понуда. Сосема поразлична е состојбата во Пелагонискиот регион каде има побарувачка, но нема соодветна понуда. Во Вардарскиот регион, пак, има релативно добра динамичка усогласеност помеѓу понудата и побарувачката. Во Југоисточниот регион има висока динамичност и има висока стапка на вработеност и ниска стапка на невработеност, рече Новковска.

Мултидимензионалната анализа, потенцира, треба да покаже дали состојбите се одржливи и што треба да се направи во регионите. Во анализата, додаде, ќе биде вклучен и бизнис секторот, образованието, коморите и сите кои се заинтересирани во процесот кој значи обезбедување на усогласеност помеѓу понудата и побарувачката, односно прилагодување на образованието преку обезбедување на вештини што ги бара бизнис секторот и информирање на бизнис секторот со тоа што се случува за да може да прави соодветни планови за пократок и подолг период.

-Со анализата ќе се идентификуваат вкупните состојби на локално ниво и врз основа на тоа ќе се направи предвидување за тоа што може да очекуваме до 2030 година од аспект на понудата и побарувачката за да може бизнис секторот да прави предводувања на краток, среден и долг рок, нагласи Новковска.

Според официјалните податоци од Агенцијата за вработување за 2019 година, од вкупниот број на невработени лица, 54 проценти се без образование или со основно образование.

извор: МИА

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

AI Generated Image

Маск го нападна законот на Трамп за даноци и трошоци

July 1, 2025

САД донесоа одлука за продажба на муниција на Израел во вредност од 510 милиони долари

July 1, 2025
Фото: МИА

Сончево со температура до 38 степени

July 1, 2025

НАЈЧИТАНО

  • За Латас, децата треба да учат во училиште

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица потешко повредени во сообраќајка во центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пожар во галија на Вардар во Скопје, интервенира едно противпожарно возило

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во првото коло од Вимблдон 737-от тенисер во светот победи без да изгуби сет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брутални навреди и напади врз редакциите на Н1 и Нова: Вучиќ нè нарекува терористи, Информер бара апсење на новинари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk