ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Состанок со Бјерде од СБ: Сите податоци упатуваат дека банкарскиот систем е стабилен

April 12, 2021 12:19
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Претпазливото управување со ризиците и соодветната регулативна рамка, усогласена со најдобрите меѓународни стандарди, му овозможија на банкарскиот сектор да ја дочека корона-кризата со силна капитална и ликвидносна позиција. Ова било констатирано на состанокот со потпретседателката на Светската банка за Европа и Централна Азија, Ана Бјерде и регионалната директорка на Светската банка за Западен Балкан, Линда ван Гелдер, на којшто учествуваа гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и вицегувернерите Фадил Бајрами, Емилија Нацевска и Ана Митреска.

На состанокот, одржан во рамките на Пролетните средби на ММФ и Светската банка, Соговорниците истакнале дека отпорноста на банкарскиот сектор се потврдила изминатата година, преку одржување на сите показатели на солидно ниво.

-Истовремено, банкарскиот систем и натаму обезбедува дополнителна кредитна поддршка, придонесувајќи за ублажување на ефектите од пандемијата врз финансиската позиција на населението и билансите на корпоративниот сектор, потенцираат од Народна банка.

Во разговорот, меѓу другото, било посочено и на параметрите за банкарскиот систем коишто ја отсликуваат неговата капитална и ликвидносна позиција. Притоа било нагласено дека солвентноста и ликвидноста, на почетокот од корона-кризата, биле и подобри од оние на почетокот на големата глобална криза во 2008 и 2009 година.

-Тоа упатува на поголем простор за апсорбирање на потенцијалните ризици, и за непрекинатост на кредитната поддршка од банките во овој период, што е клучно за справување со предизвиците, наметнати од здравствената криза, нагласуваат од Народна банка.

Дискутантите на состанокот забележале дека, со оглед на продолжениот карактер на кризата во глобални рамки, во периодот што следува треба внимателно да се следат ризиците и да се обезбеди проактивно и превентивно преземање мерки и носење одлуки заради нивно минимизирање. Оттука, како што било констатирано, произлегува и одлуката на Народната банка за привремено ограничување на распределбата и исплатата на дивидендите, што значи зајакнување на потенцијалните извори на капитал за банкарскиот систем.

-На состанокот, посебно беше нагласена и поддршката од страна на Светската банка во справувањето со пандемијата, како и поддршката за нашата економија на патот кон одржливо закрепнување преку мобилизација на приватниот сектор и воведување реформи коишто ќе обезбедат одржлив, севкупен раст, информираат од Народна банка.

извор: МИА

Next Post

Досега вакцинирани 25.000 граѓани во СЦ „Борис Трајковски“

НАЈНОВО

ФОТО: ДУИ

Ахмети: Не изгубив на избори за да се повлечам, НАИ освои 159 советници а Вреди 122

October 24, 2025
ФОТО: Фејсбук Пивковски

И независниот кандидат за градоначалник на Могила се повлече од вториот круг во корист на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ

October 24, 2025

Препораки и мерки од Министерството за здравство за актуелната состојба со сметот во Скопје

October 24, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски со закани до албанските партнери: „Внимавајте како се однесувате, да не завршите како Али Ахмети“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 24 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Ѓуптин е човек без чест и без достоинство, Ромите не ги спомнувам никаде – ‘џупска работа’ значи кражба“ – демантот на Љубе Темелков, советник на МААК во Неготино

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лопатка: Да ја искористиме шансата и да ја прошириме ЕУ, оптимист сум за Северна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk