„Граѓаните знаат дека ВМРО-ДПМНЕ мора да биде притиснато и гласно да му се реагира. И резултатот е на повидок. Откако ќе ги повлечат аманмданите, ќе се свика Комисијата за финансирање и буџет за законите поврзани со економските мерки. Добро е што притисокот од јавноста, кончено вроди со плод и што конечно пратениците од ВМРО-ДПМНЕ најавија повлекување на амандманите поднесени за Законот за државјанство, а коалицијата Алтернатива и Алијанса најави повлекување на амандманите на законите за економските мерки.“, се наведува во соопштението од СДСМ.
Според СДСМ, повлекувањето на амандманите на Законот за државјанство ги потврдува информациите дека постоел договор помеѓу АА и ВМРО- ДПМНЕ затоа што крајно симптоматично како сега ВМРО-ДПМНЕ одеднаш на ист текст на Законот немаат забелешки.
„Доколку навистина имаат намера да ги повлечат амандманите, нека го сторат тоа, а потоа да се свика Комисијата за финансирање која ја претседаваат пратеници на ВМРО ДПМНЕ, законските решенија да поминат на Комисија и потоа да се закаже и пленарна седница.
Согласно деловникот закажување на седница и менаџирање на истата е во делокруг на работа на претседателот на собранието Талат Џафери.
Ова однесување на ВМРО-ДПМНЕ е уште еден доказ за нивната неодговорност и несериозност пред граѓаните. Ако тие навистина беа подготвени за поддршка на граѓаните и компаниите немаше да ја напуштат седницата кога се носеше Буџетот за 2021 година.
Во тој момент нивната цел беше да има времено финансирање во државата а со тоа да нема поддршка за граѓаните и компаниите.
Сите пратеници имаат одговорност пред граѓаните, сите пратеници мора да ги тргнат настрана дневнополитичките интереси и да работат за граѓаните, преку усвојување на законски решенија кои обезбедуваат помош и поддршка за граѓаните и стопанството во справување со последиците од коронакризата.“, стои во соопштението од СДСМ.