ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Жителите на Ново Маало во одбрана на проектот спроти Холидеј ин, сметаат дека ќе ги реши нивните проблеми, инвеститорот за утре најави јавна презентација

April 13, 2021 16:02
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Извор: ТВ Телма

Извор: ТВ Телма

Share on FacebookShare on Twitter

Жителите на населбата Ново Маало во Центар сметаат дека со проектот кој е предвиден да се гради на парцелата спроти Холидеј ин ќе се реши проблемот на многу семејства кои, како што велат, сé уште живеат во супстандардни услови, како да е 19 век или биле приморани да ги напуштат своите куќи.

– Нецивилизирано место за живеење, во септички јами живеење, без одвод, буквално 19 век и сето тоа се чека заради сите тие превирања на институции – сега ќе го направиме, сега ќе го направиме, а досега ништо. Верувам дека ова е последен апел, дека треба да се почне веднаш и сега. Греота е за овие 100 до 200 фамилии што се наоѓаат на целиот простор, затоа го оправдуваме овој проект, рече денеска во изјава за медиумите Игор Стојанов, жител на Ново Маало.

Љупчо Велков, кој е исто така жител на оваа населба, изрази револт бидејќи други одлучуваат за местото каде тие живеат.

– Ние сме газди на овие куќи. Кога ќе се изградат тие згради во планот сме и ние, рече Велков, додавајќи дека не разбира зошто на некого ќе му пречат три висококатници.

Откако проектот предизвика контроверзии помеѓу граѓаните, викендов се огласи инвеститорот „МГ Фешн“ кој нагласи дека на Холидеј Ин се проектира урбан и зелен комплекс и објекти со тројно намалена катност.

За утре најавија јавна презентација на проектот, а за визуелизациите кои се споделува на интернет, велат дека се неточни.

На социјалните мрежи веќе се спроведува онлајн петиција со наслов „Петиција против изградба на висококатници на парцелата спроти Холидеј Ин“. Досега петицијата ја потпишале 8.646 граѓани.

Градоначалникот на Општина Центар Саша Богдановиќ денеска на прес-конференција рече дека стручни комисии докажале оти планот не е во согласност со Генералниот урбанистички план.

– Ние покренуваме, донесовме мораториум еднаш, донесовме мораториум втор пат иако не смееме. Јас се соочив со кривична одговорност и денес секој може да ме гони кривично затоа што по одлука на Уставен суд, носам повторно одлука. И еве сега, пак застанувам јавно и кажувам сите предмети ги доставуваме до надлежни институции за да преземат нешто. Имаме неусогласен план, стручни комисии го докажале тоа. Постапуваме по тоа, но ако некој не го фати за гуша тој што направил план во 2012 година, тој што го одобрил, џабе ние расправаме тука. Уставен суд ви вика тоа е законски и дека не можете тоа да го направите, точно надминати се параметри, но не сте во право, рече Богдановиќ.

Според претседателката на Државната комисија за спречување корупција Билјана Ивановска, градоначалникот треба да размисли пред да ја донесе одлуката за давање на дозвола на планот и да ги испита сите можности за да го стави планот под суспензија.

Изгледот на зградите кај хотелот „Холидеј Ин“ за прв пат беше презентиран преку фотографија во вчерашната „Топ Тема“ на Телма. Архитектот Мартин Пановски рече дека во зградата се предвидени 400 станови, во кои би требало да живеат 1.200 до 1.300 луѓе.

извор: МИА

Next Post

Претседателот Радев ја свика конститутивната седница на новиот бугарски парламент за задутре

НАЈНОВО

Етнички шеми или граѓански вредности: Дали Македонија е подготвена да гласа по совест, а не по припадност?

October 28, 2025
Фото: Скриншот

Хегсет: Во Тихи Океан уништивме четири бродови со наркотици и убивме 14 наркотерористи

October 28, 2025
Скриншот

Трамп: Имаме неспособен човек на чело на ФЕД

October 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кај и да е ќе дојде и тој ден – овој е ретард

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бесплатен доплер на каротидни артерии на Неврологија во рамки на отворениот ден по повод Светскиот ден на мозочен удар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Арсовска до Мицкоски: Кога ќе бегаш за Будимпешта нема да те собере во гепек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 28 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk