ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

„МГ Фешн“: Руинираниот простор во центарот на Скопје, сакаме да го претвориме во нов зелен, урбан и модерен комплекс

April 14, 2021 15:47
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„МГ Фешн“ сака искуството од проектот „Скопје сити мол“ да го примени на градежната парцела 1.1 на паркингот спроти „Холидеј Ин“, каде во проектот „Гранд“ ќе инвестира 60 милиони евра, во чија реализација би се вклучиле голем дел од домашните градежни компании, а нуди и нови вработувања и средства за развојни проекти за локалниот и државниот буџет, најавија денеска од домашната компанија.

– Замислата е во истиот дух да го претвориме запоставениот, руиниран простор во центарот на градот во нов зелен, урбан и модерен комплекс кој е еколошки и енергетски ефикасен, изјави Илија Божиновски на денешната презентација на проектот преку платформата Зоом.

Тој нагласи дека станува збор за станбено-деловен комплекс што ќе се реализира во три фази.

– Во проектот се инкорпорирани многу јавни површини и зеленило. Идејата е овој комплекс да претставува ново обележје на градот, како нов модерен деловен центар на Скопје, рече Божиновски и се заблагодари на жителите на Ново Маало за како што рече, нивната поддршка и соработка за реализација на проектот.

Тој посочи дека „МГ Фешн“ останува отворена за комуникација со сите сопственици на имот и нивно адекватно обесштетување со цел закружување на проектот. Градежната парцела 1.4, додаде Божиновски, е со приближна големина на Плоштадот „Македонија“ и на неа според ДУП-от не се предвидува градба на објекти, туку фонтана со спомен обележје.

– „МГ Фешн“ нуди соработка на општината Центар и е подготвена да инвестира во урбан јавен простор на површина од 7.300 квадратни метри со разновидно парковско зеленило, налик на светските паркови. Сопствениците на приватните парцели од парцелата 1.4 би биле обесштетени со истиот сооднос како и останатите сопственици чии парцели се опфатени со новите објекти. Подготвени сме во соработка со Градот и Шумарскиот факултет да инвестираме во обновување на делот на Кејот „13 Ноември“, кој се протега по должина на локацијата, рече Божиновски и додаде дека кејот не е предмет на градба.

Во одговор на прашање тој рече дека нема никакви информации за какви било постапки покренати за стопирање на изведбата на проектот и затоа, како што посочи, не сака да коментира, ниту, пак, да шпекулира.

На овој простор се предвидува на бруто развиена површина од 200 илјади квадратни метри, согласно ДУП со намена А2 и Б2 – домување во станбени згради и деловни содржини катност од П+60+потпокрив, но како што посочија архитектите, идејниот проект предвидува вкупно развиена бруто површина над земја од 89.627 квадратни метри или малку повеќе од половина од површината дозволена за градба, а максималната катност е П+22. Паркирањето ќе биде обезбедено исклучиво во градежната парцела 1.1 во три подземни нивоа со 969 паркинг места.

Објектот, како што посочија, ќе се состои од три кули со различна намена од кои две се за домување, кои би гледале кон Кеј „13 Ноември“, а деловната зграда е со помала катност П+16 и би гледала кон деловната зграда на Соравија. Трите кули во приземјето и на катот ги врзуваат деловни содржини, локали и канцеларии. Влезот за возила е предвиден да биде преку улицата „Мирче Ацев“, која треба да прерасне во булевар и улицата „Два“. Предвидени се два влеза, еден е под деловната зграда и еден од спротива, каде што би биле локалите, како и излез, додека  на Кеј „13 Ноември“ би имало само еден излез.

Во првата фаза се предвидува изградба на станбено деловен простор со катност П+20+потпокрив, во втората П+22 и во третата фаза деловната зграда со П+16 и локалите кои се наоѓаат во приземје со катност П+. На горните катови е сместено домувањето и канцелариите, а на приземјето и дел од катот се резервирани за локали кои гравитираат кон улиците. Во двете кули вкупно има околу 400 станови со околу 1.200 жители, што е нешто повеќе од предвидените 850 на хектар.

На целата локација предвидено е зеленило на површина од 6.250 квадратни метри во партерот и деловните површини што, како што велат, е многу повеќе од законскиот минимум од 20 отсто. Во тоа зеленило не влегува балконското зеленило. Би имало и пешачка улица меѓу објектите која, велат, би се поврзала со Градскиот трговски центар и Кејот „13 Ноември“.

извор: МИА

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post
Извор: ТВ Телма

Жители на Ново Маало: Презентираниот план за Холидеј Ин е одличен, застануваме целосно зад реализација на проектот

НАЈНОВО

Фото: Кабинет на претседател

Сиљановска Давкова: Очекувам мирна изборна атмосфера, од кампањата не може да направам разлика за какви избори се работи

October 15, 2025
Фото: МИА

Мисајловски: Подготвени сме да ја поддржуваме Украина, но мора да се грижиме и за нашата Армија

October 15, 2025

Сиљановска Давкова: Од Фон дер Лајен очекувам креативни решенија за консензусот во ЕУ

October 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Chesen Socijaldemokrat Фејсбук

    Бранко Црвенковски во Охрид го потврди бегството во спротивниот табор – во друшво со Пецаков

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руската армија започна масовен напад врз Суми, прекинато снабдувањето со вода и струја

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новите нуклеарни закани од Москва со радост се шират во дел од македонските медиуми

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рафах останува затворен и покрај најавите за отворање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Се подобрува ли здравствената состојба на Михаил Шумахер

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk