ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Шахпаска : Општина Липково добива нова детска градинка која ќе згрижи 102 деца, преку Договорот за грант за изградба на нови градинки

April 14, 2021 13:34
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за труд и социјална политика , Јагода Шахпаска заедно со градоначалникот на Општина Липково, Еркан Арифи денеска потпишаа Договор за грант со кој се доделуваат финансиски средства за изградба на нова детска градинка во населеното место Матејче.

„Новата градинка ќе биде со капацитет за згрижување на 102 деца, на возраст од 0 до 6 години, за чија изградба и опремување Министерството за труд и социјална политика издвои 50 милиони денари. Како Министерство, посветено работиме на нашата агенда, која е и дел од владината програма, изградба на нови и проширување на постоечките капацитети на детски градинки,“ изјави министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска.

Таа посочи дека покрај вложувањето во просторните капацитети на градинките, Министерството за труд и социјална политика, продолжува да вложува и во унапредување на наставните програми и професионалните компетенции на вработените во нив.

Градоначалникот на Општина Липково, Еркан Арифи информираше дека според официјалните статистички податоци на територијата на општина Липково живеат околу 2.200 деца на возраст до шест години, како и дека изградбата на оваа нова градинка во Матејче е вистински потег во правец на решавање на овој предизвик.

Овој грант е дел од компонента 2 на Проектот за подобрување на социјалните услуги што го спроведува Министерството за труд и социјална политика, со поддршка од Светска банка. Досега, со средствата преку овој Проект, реконструирани се градинки во Ресен и Боговиње, а во тек е изградбата и реконструкцијата на уште осум градинки во Кавадарци, Неготино, Кочани, Струмица, Пробиштип, Крива Паланка и во скопските општини Кисела Вода и Ѓорче Петров, во кои ќе се згрижат уште 1349 деца.

Липково е една од 17-те општини која аплицираше и ги исполни условите од првиот јавен повик за доделување грантови за изградба на детски градинки и центри за ран детски развој. Наскоро ќе биде објавен нов јавен повик за доделување грантови за проширување на постојните и изградба на дополнителен број нови градинки ширум земјата.

Next Post

Со стерилизација на нови единки, во Берово константно се намалува бројот на кучињата скитници

НАЈНОВО

Фото илустрација, генерирано со ВИ

Трамп: Би се сретнал со Ким Џонг Ун ако сака, можеби би ја продолжил турнејата

October 27, 2025

Одложени над 8.000 летови во САД поради буџетската блокада

October 27, 2025
Скриншот

Започнува судењето за онлајн вознемирување на Брижит Макрон

October 27, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ландо Норис ја освои пол позицијата на трката за Големата награда на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 27 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk