ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Талевски: Пресудата за „Трезор“ е доказ зошто беше важен Законот за ЈО и зошто ВМРО-ДПМНЕ беа против негово носење

April 14, 2021 13:04
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Вчерашната пресуда против обвинетите во предметот „Трезор“ меѓу кои е и поранешниот шеф на Управата за безбедност и контразузнавање Сашо Мијалков, е уште една во низата потврди дека времето кога некои поединци беа над законите и дефинитивно е завршено, истакна пратеникот од СДСМ Миле Талевски на денешната прес-конференција.

Талевски нагласува дека се случува правда, законите важат за сите подеднакво, судството работи ослободено од стегите на политиката и партиите. Заврши времето на селективност и неказнивост, сега е време на правда и на одговорност, додаде Талевски.

„Пресудите, донесени низ докази, преку отворени, транспарентни законски постапки покажуваат дека државата има силен, независен и ефикасен правосуден систем кој испорачува правда согласно законите.

Овие пресуди покажуваат зошто беше важно носењето на Законот за Јавно обвинителство но и зошто ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски правеа се за тој закон да не се донесе.

Токму со овој Закон продолжија предметите „Тврдина-Таргет“ „Трезор“ отворени од Специјалното јавно обвинителство и по кои веќе има пресуди, но и предметите „Империја“ „Талир“ „Плацовите на Водно“ предмети кои Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ на секој начин се обидуваа да ги уништат.

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не успеаја да ја попречат правдата, не успеаја нивните обиди да ги заштитат криминалците во своите редови.

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се единствените на браникот на криминалот, но мора што поскоро да сфатат дека времето на контролирано судство заврши, дека веќе нема нарачани и монтирани случаи како во времето на нивниот 11годишен режим.

Повеќе нема недопирливи, нема поединци над законите.

Денес секој кој сторил какво било кривично дело одговара пред судовите, колку и тоа да е несфатливо за ВМРО-ДПМНЕ партијата заглавена во режимската матрица и на браникот на криминалот.

Очекуваме сите други случаи и предмети отворени од Специјалното јавно обвинителство и од другите обвинителства кои се водат во судовите, да добијат епилог а лицата за кои ќе се докаже дека сториле криминал да бидат соодветни казнети.“, рече Талевски на денешната прес-конференција.

Next Post

На 52 години Џенифер Анистон ќе стане мајка

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Реал Мадрид го доби „Ел Класико“ – славеше со 2:1

October 26, 2025

Шахистите на Алкалоид по третпат со вицешампионската титула на Европскиот куп

October 26, 2025

Двајца министри поднесоа оставки по убиството во Ново Место во Словенија

October 26, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ландо Норис ја освои пол позицијата на трката за Големата награда на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почина политичкиот аналитичар Агим Јонуз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk