ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Електронски упис на првачињата – нова дигитална услуга од мај

April 15, 2021 11:43
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Дигитализацијата е приоритет во новото време и затоа се воведуваат сè повеќе дигитални услуги на порталот e-uslugi.gov.mk. Тие се побрзи за корисниците зашто се минимизираат бирократските процедури, се намалува можноста од грешки од човечки фактор зашто автоматско е евалуирањето при рангирањето, нема дискрециски овластувања, протекционизам и корупција.

Голем број е-услуги се достапни во областа на образованието – се применува нов систем за дигитално апилицирање на конкурсите за стипендии за ученици и студенти и за прием во домовите, дигитално е нострифицирањето на странски дипломи и свидетелства, аплицирањето на општините до МОН за инфраструктурни проекти и реновирање на училишта, а од мај ќе биде воведена и нова услуга – дигитално запишување на првачињата за учебната 2021/2022 година.

Центарот за управување со промени (ЦУП) денеска на онлајн-конференција ги презентираше електронските услуги изработени во соработка со министерствата за образование и наука и за информатичко општество и администрација, во рамки на проектот „Дигитализација во јавниот сектор во РСМ за непречено функционирање“. Проектот е финансиран од Владата на Обединетото Кралство и поддржан од Британската амбасада во Скопје.

Зборувајќи за придобивките од дигиталната трансформација во општеството, министерката Мила Царовска истакна дека покрај квалитативна промена на сите степени на образованието во земјава, интензивно се работи и на дигитализација.

– Сите земји кои не се дигитализираат и трансформираат заостануваат, зашто светот се менува екстремно брзо, а ние како држава во развој треба да фатиме двапати побрз чекор. МОН има ваков став кон услугите кои итно треба да се трансформираат во дигитални. Образовниот процес покажа дека брзо може да се трансформира. Речиси цела учебна година имаме одлична инеракција и комуникација помеѓу наставник и ученик, што за нашата држава е голем отскок во однос на она што беше минатата година, рече Царовска.

Задоволна е од услугите што се достапни дигитални во рамки на проектот што го спроведува ЦУП, со кои се заштедува и време и нема застој во остварување на правата, посочувајќи го нострифицирањето на дипломи кое сега е возможно за еден ден наместо да се чека неколку месеци. Посочи дека дигиталните услуги се допбредојдени и во време на пандемија зашто се штити јавното здравје. Но, смета и дека треба да се подигне свеста за корисноста на новиот начин на услуги  зашто се уште постои недоверба, па голем дел од студентите доаѓале во МОН за да се осигураат и да добијат архивски број дека аплицирале.

Министерката ги повика родителите да ја искористат можноста за дигитално запишување во основното образование за наредната учебна година, нова дгитална услуга која ќе почне да се применува во мај, со што, рече, ќе се избегне и метежот во училиштата. Очекува дека ваков современ пристап ќе има и за упис во средното образование, дека во наредниот период ќе се дигитализираат и сите услуги поврзани со конкурсите за наука.

Следен предизвик на кој ќе се работи, додаде Царовска, е родителите да имаат можност неделно да добиваат од училиштата извештаи од Е-дневникот за напредокот на ученикот преку автоматизирана апликација на нивните мобилни телефони.

извор: МИА

Next Post

Залов

НАЈНОВО

Разговор на двајца аналфабети од градски политики

October 29, 2025

​Укинувањето на санкциите за Додик дел од договорот за повлекување од претседателската функција?

October 29, 2025

Касами со поддршка за кандидатот за градоначалник на Струга, Менди Ќура

October 29, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Касами: Мојата изјава за Кичево е извадена од контекст и погрешно протолкувана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Kои се вистинските разлики меѓу Грокипедија и Википедија – и зошто тие се повеќе од технолошки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Разговор на двајца аналфабети од градски политики

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Град Скопје: Мицковски лично го оркестрира хаосот во Комунална хигиена

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk