ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Џонсон Мети и годинава традиционален партнер на европскиот БЕСТ инженерски натпревар

April 15, 2021 11:15
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Британската компанија Џонсон Мети која има своја фабрика во ТИРЗ Скопје – 1 и годинава, третпат, е партнер – компанија на европскиот БЕСТ инженерски студентски натпревар во категоријата Тимски дизајн. Фокусот на партнерството лежи во изнаоѓање инвентивно инженерско решение за реален проблем, притоа ангажирање студенти и нивно соочување со практични предизвици.

Целта, како што велат од компанијата, е да им се даде можност на идните вработени да го продлабочуваат своето секојдневно знаење и да создаваат врски со компаниите во рана фаза. Со овој проект, Џонсон Мети и БЕСТ инвестираат во иднината на вработувањето.

Инженерите во Џонсон Мети, додаваат, претставија предизвик што треба да го надминат тимовите кои се натпреваруваат во категоријата Тимски дизајн. Задачата беше да се реши практичен проблем со дизајнирање, креирање и презентирање на прототипско решение во ограничена временска рамка и со ограничени ресурси. Оваа година, најдобро решение за проблемот поставен од инженерите во компанијата Џонсон Мети најде тимот Cyber Cloud.

-На наше огромно задоволство, на нашиот понуден проблем најдобро решение понуди тимот Cyber Cloud кој се состоеше од четири девојки, идни жени инженери и се надеваме дека еден ден ќе станат и наши колешки. Тие многу вешто пристапија кон решавање на овој проблем каде што врвен приоритет, пред се, им беше безбедноста и здравјето на вработените и на работната средина. Ние сме целосно посветени на студентите и затоа, трета година по ред, сме партнер – компанија на БЕСТ инженерскиот натпревар. Продолжуваме да вложуваме во новите генерации и во нивните знаења и вештини, велат од Џонсон Мети.

Студентите учествуваа во решавање практичен проблем со дизајнирање, креирање и презентирање на прототип решение во ограничено време и со ограничени материјали. Џонсон Мети формира и поставува прашање на овој студентски БЕСТ инженерски натпревар, преку кој директно се поврзува со студентите. Исто така, Џонсон Мети учествува со свои инженери во жири комисијата која го бира победничкиот тим. Од друга страна, студентите добиваат шанса да ги покажат своите инженерски вештини во разни области при решавање на проблемот.

Дополнително оваа година, партнер компаниите имаа можност преку своите избрани претставници – експерти во одредена инженерска област, да зборуваат за одредена актуелна тема од светот на инженерството пред студентите.

-Toa што БЕСТ Скопје го цени најмногу при организација на EBEC е поддршката од нашите локални партнер компании. Ова е еден од многуте начини да ги приближиме нашите студенти врсници со компаниите, без разлика дали сакаат да се натпреваруваат или да бидат дел од организацијата на настан од овој размер. Како и сé друго во БЕСТ, EBEC е организиран од студенти за студенти. Овој натпревар е од огромна важност за локалната БЕСТ група во Скопје затоа што претставува соработка со локални групи низ цела Европа. Победниците од секоја категорија продолжуваат на регионално ниво, каде имаат шанса да се натпреваруваат за место во европската рунда, изјави Петар Танески од БЕСТ.

БЕСТ Скопје е организатор на локалната рунда на (EBEC – European BEST Engineering Competition) по 12-ти пат. Победниците продолжуваат на регионално ниво, преку кое може да се пласираат во финалната рунда на EBEC Европа. Според Танески, натпреварувачите имаат можност да се запознаат со студенти од техничките факултети низ цела Европа и истовремено да се натпреваруваат со нив, решавајќи нови проблеми зададени од реномирани партнер компании познати на глобалниот пазар.

извор: МИА

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Државата во пламен, Мицкоски и ДПМНЕ си тераат партиски агенди

July 9, 2025
Фото: Скриншот Вимблдон

(ВИДЕО) Рекордно 14. полуфинале за Ѓоковиќ на Вимблдон

July 9, 2025

Тошковски: Многу тежок ден во справување со пожарите, за дел имаме основи на сомнение дека се подметнати

July 9, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски по извештајот од ЕП: Остануваме горди со крената глава, денес Бугарија работеше против нас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Скандал во Брисел: Грчка десничарска европратеничка ги негира Македонците, Словенечката пратеничка Јовева во одбрана на македонскиот народ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пожар опасно се приближува кон домовите на жителите на населбата Лозаново во Крива Паланка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЕП со 461 глас „за“, 121 „против“ и 107 „воздржани“ го усвои Извештајот на Вајц за Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија 20 години чека – а Владата на Мицкоски се оддалечува од Европа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk