Од Министерството за здравство реагираат за најавениот протест од страна на ВМРО-ДПМНЕ.
„Во време на полициски час и затворени објекти, како би спречиле вирусот Ковид 19, да се шири, ВМРО ДПМНЕ одбира да прави партиски собири и да ги крши мерките по којзнае кој пат. Грижата кон граѓаните погодени од ковид кризата, опозициската ВМРО ДПМНЕ, ја покажа и докажа синоќа во Собранието. ВМРО ДПМНЕ одбира да биде на страната на манипулациите, лагата, смислени сценарија за наводни криминали провизии. Министерството за здравство жали што опозициската партија одбива да искористи ефикасен и конструктивен демократски механизам туку единствено што прави ја опструира работата на здравствените работници кои се на правата борбена линија на ковид пандемијата.“, се наведува во реакцијата од Министерството за здравство.