ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Османи ги претстави првите четири економски советници, заминуваат за Варшава, Минхен, Анкара и Абу Даби

April 17, 2021 11:31
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Илија Псалтиров во Варшава, Абдилџемил Саити во Минхен, Сузана Тунева во Анкара и Бекри Ајдини во Абу Даби, се првите четири економски советници, кои ќе бидат упатени во амбасадите во овие четири дестинации за да ги имплементираат економските политики, кои се подготвуваат за секоја земја и регион посебно.

Ова денеска го соопшти шефот на дипломатијата Бујар Османи на прес-конференција на која гo претстави првиот дел од пилот проектот за идните економски советници на МНР на Република Северна Македонија и планираните активности во врска со економската дипломатија.

Амбасадорот Илија Псалтиров, доктор по економски од Варшава, освен Полска, во рамките на економските активности ќе ги покрива и останатите земји од групата Вишеград – Чешка, Словачка и Унгарија.

Абдилџемил Саити, германистика, ќе замине во Конзулатот во Минхен, од каде ќе ги покриваат економските активности за Германија и Австрија, две земји кои се најголемите економски партнери на земјава.

Сузана Тунева, магистер по меѓународни економски односи ќе биде испратена во амбасадата во Анкара. Економскиот советник, Бекри Ајдини, магистер по меѓународна економија, кој, како што посочи Османи уште од самиот почеток е вклучен и задолжен за портфолиото Дубаи Експо, има специфични познавања на економските односи со Обединетите Арапски Емирати и воопшто регионот на заливот и соодветно на тоа ќе биде упатен во амбасадата во Абу Даби.

-Економската дипломатија е важен елемент на севкупната надворешна политика, но и приоритет број четири од мојата мандатна мисија, што го најавив уште на самиот старт од моето влегување во куќава. Во еден да речам суштински дел, тоа значи и испраќање економските советници за зајакнување на нашата дипломатска мрежа со оваа економска компонента, и тоа како што веќе најавив, оваа година како пилот проект во неколку дестинации. По одржаните два конкурси, бројни консултации, денеска имам чест да ги преставам првите четири избрани економски советници, кои ќе бидат упатени во рамките на нашите амбасади за да ги имплементираат економските политики кои ги подготвуваме за секоја земја и регион посебно, нагласи Османи.

Истакна дека избраните економски советници се профилирани дипломати од кариера, кои имаат и посебно искуство во економскиот аспект. Задачата на економските советници, додаде министерот за надворешни работи, ќе биде да ги престават потенцијалите на Република Северна Македонија како привлечна дестинација за странски инвестиции, да ја промовираат земјата како атрактивна туристичка дестинација, да ги промовираат нашите извозни потенцијали, но и воопшто да ја промовираат Северна Македонија како економски и политички бренд кој претставува дел од современото општество.

-Во периодот до нивното упатување, кое се очекува да почне во втората половина од годинава, економските советници ќе поминат и обемна теориска и практична обука, специфично создадена токму за овој проект, а која се базира на најновите искуства на развиените земји. Фокусот на обуката ќе бидат потребите и спецификите на нашето стопанство, на нашиот бизнис, спецификата на извозните производи и потенцијали, спецификата на нашата гео-стратешка позиција во економска и бизнис смисла, спецификата на нашите ресурси, на нашите потенцијали, истакна шефот на дипломатијата.

Во следната фаза од овој пилот проект најави дека таргет се неколку мултилатерални економски мисии.

-Во координација со министерствата за земјоделие и за економија, во втората половина од годинава ќе испратиме наши претставници и во Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации или ФАО, во Рим, како и претставник во канцеларијата на Светската Трговска Организација во Женева, истакна Османи.

Најави дека во тек се подготовки за видео-конференции со нашите партнери во овие земји и региони, на кои уште во периодот пред упатување ќе им бидат претставени избраните економски советници,  нивната улога, платформата и нивната цел.

-Очекувам во текот на наредните месеци, во согласност со протоколите кои ги наметна пандемијата, да отпочнеме со видео средби и презентации со нашите партнери и колеги од Полска, Чешка, Словачка, Унгарија, Турција, Австрија, Германија, Обединетите Арапски Емирати и земјите од Заливот, активност за што примарно ќе бидат задолжени економските советници, рече Османи.

Тој истакна дека МНР има над 200 дипломати во дипломатската мрежа, а економските советници ќе бидат дел од таа дипломатска мрежа, профилирани за претставување на економските перформанси на земјата. Истакна дека трошоците за нив ќе се покриваат од вкупните трошоци, кои во МНР се наменети за целокупното покривање на дипломатската мрежа.

За разликата од економските промотори, Османи истакна дека економките собветници се дел од дипломатската мрежа и во своето работење ќе го комбинираат знаењето од сферите на економијата и дипломатијата. Додаде дека економските промотори биле испраќани од Агенцијата за странски инвестиции и не постоела координација со дипломатскиот сектор и МНР и нагласи дека со овој коцепет се прави обид за покривање на тие слабости. Османи рече дека со овој концепт очекуваат придобивки во смисла на привлекување странски инвестиции.

Шефот на дипломатијата изјави дека мандатот за дипломатите низ светот е три години, а во случајот со економските советници ќе се прави проценка на една година, ќе се утврдува годишен мандат, со цел да добиваат објективна евалуација за продолжување на следната година мандат.

извор: МИА

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Судир на полицијата со демонстрантите во Белград. Фото: Скриншот, Н1

Студентите во блокада ги повикаа граѓаните на Србија на масовен прекин на работата до исполнување на нивните барања

June 30, 2025

Пожар во галија на Вардар во Скопје, интервенира едно противпожарно возило

June 30, 2025

Брутални навреди и напади врз редакциите на Н1 и Нова: Вучиќ нè нарекува терористи, Информер бара апсење на новинари

June 30, 2025

НАЈЧИТАНО

  • За Латас, децата треба да учат во училиште

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица потешко повредени во сообраќајка во центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пожар во галија на Вардар во Скопје, интервенира едно противпожарно возило

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во првото коло од Вимблдон 737-от тенисер во светот победи без да изгуби сет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брутални навреди и напади врз редакциите на Н1 и Нова: Вучиќ нè нарекува терористи, Информер бара апсење на новинари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk