ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Милевски: Над 30.000 жители на Демир Хисар следната зима ќе ја дочекаат без проблеми со новата механизација за одржување на патишта

April 18, 2021 10:47
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во рамки на проектот за јакнење на регионалните капацитети за одржување и заштита на патната инфраструктура во Пелагонискиот регион, набавен е функционален комплет на механизација, товарно возило, плуг и соларка, за зимско одржување на сите видови на патна инфраструктура на територијата на општина Демир Хисар, велат од Министерство за локална самоуправа.

– Бенефит од проектот на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион ќе имаат околу 30.000 жители на Демир Хисар, Крушево, Кривогаштани, а вкупната вредност на инвестицијата  е над седум милиони денари заедно со општината Демир Хисар. Со набавката преку проектот е да се придонесе кон зајакнување на техничките капацитети на Пелагонискиот регион за одржување и заштита на локалната и регионалната патна инфраструктура, рече министерот за локална самоуправа Горан Милевски.

Тој појасни дека на овој начин ќе се подобри ефикасноста на Јавното комунално претпријатие во Пелагонискиот регион при извршувањето на своите надлежности и давањето на услуги на населението и стопанството, а исто така ќе се зголеми безбедноста на локалните и регионалните патишта во зимски услови како и зголемување на протокот на луѓе и стоки на територијата на Пелагонискиот регион.

– Во период од 3 и пол години ова е трето возило кое што го набавуваме преку Пелагонискиот плански регион. Двете возила беа за собирање на комунален отпад и ова возило за одржување на локалните патишта. Како општина Демир Хисар кофинансиравме во проектот во висина од 3 милиони и 700 денари затоа што ни претставуваше приоритет за одржувањето на  патиштата. Ние имаме околу 100 км локални патишта и со ова возило непречено ќе работат од страна на јавното комунално претпријатие, истакна градоначалникот на општина Демир Хисар, Марјанче Стојановски.

Од Центарот за развој на Пелагониски плански регион потенцираа дека овој регион во зимскиот период изобилува со обемен снег и ниски температури, така што од тие временски услови се појавила иницијативата на градоначалникот за набавка на возилото.

– Преку оваа набавка ќе се направи заштеда на јавните претпријатија со тоа што нема потреба повеќе да се ангажира приватна механизација така што директно јавното комунално претпријатие ќе ги подобрува условите за живот  на локалните граѓани во Демир Хисар но и за тие кои патуваат постојано во овој регион, додаде Гого Видимче, директорот на Центар за развој на Пелагониски плански регион.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

ЕУ ја поддржува дигиталната трансформација на земјите од Западен Балкан

НАЈНОВО

„Шест месеци без правда за Кочани“, плоштад Македонија, Скопје 16 септември 2025 фото: ЦИВИЛ

(ФОТО) „Шест месеци без правда за Кочани“ – Марш за ангелите во Скопје

September 16, 2025
фото: Министерство за европски прашања

Муртезани на ГАК во Брисел: Зајакнувајќи ја правната држава дома, Северна Македонија ја зајакнува и ЕУ

September 16, 2025
Фото:МИА

Кочани шест месеци подоцна – „Не е само несреќа, ова е трагедија што можеше и мораше да се спречи“

September 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Продолжува судењето за случајот „Онкологија 2“ против Нино Васев и Нехад Нухи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Митева: СДСМ и Филипче со патолошки пристап во политиката, без аргументи создаваат магла и лажни скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски смета дека единствено Левица ѝ фрла гума за спасување на ДУИ за локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Битола 8 кандидати за градоначалник и 16 листи за Совет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Намалена активната транспарентност на министерствата и Владата во однос на лани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk