Американската амбасада во земјава го поздрави усвојувањето на Националната страгија за спречување на корупција и судир на интереси 2021-2025 година.
– Ова е важен чекор, но вистинскиот напредок ќе биде валоризиран од успешната имплементација на стратегијата. Борбата против корупцијата и организираниот криминал и јакнење на владеење на правото се критични за Северна Македонија и клучен фокус на нашето стратешко партнерство, објави Амбасадата на САД на својата страница на Фејсбук.
Собранието на Северна Македонија на вчерашната 32. седница ја усвои Националната стратегија за спречување на корупција и судир на интереси 2021-2025 година, што претставува важен документ во борбата против високата корупција. Пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ и Левица одбиваа да учествуваат на оваа седница и не гласаа за усвојување на Националната стратегија за спречување на корупција и судир на интерес.






