ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Џафери: Работев согласно Протокол за спроведување на мерките за Ковид-19, пратениците кои беа во скафандери немаа контакт во Собранието

April 19, 2021 15:37
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска на прес-конференција се обиде  да ги разјасни околностите околу одржувањето на вчерашните 32. и 36. седница и што му претходело на оваа постапка и зошто се дозволило двајца пратеници позитивни на Ковид-19. Џафери се повика на дополнување на Протоколот за спроведување на мерките со Ковид-19 од ноември минатата година прифатен од државната надлежна комисија, рече дека се консултирал со многу лица пред да ја донесе оваа одлука за одржување на седниците и дека двајцата пратеници немале контакт со ниту едно лице во зградата на Парламентот.  

Исто така, тој ги посочи лицата кои биле во работната група и на проверка на протоколите што се спроведуваат во Собранието.  

-Протоколот е донесен на 30 јули 2020 година, го потпишав додека бев во болница. Тој протокол беше претставен како целина пред државната Комисија за здравство и тој протокол таму е усвоен и добил пас и ја организиравме конститувната седница . Во моментот кога требаше да ја избереме Владата, Арбен Зибери пријави дека има симптоми, во меѓувреме знаете дека дадовме опција да се размисли за онлјан работа на Собранието. Ни под разно не прифаќаа од опозицијата, рече Џафери.   

Овој протокол, според претседателот на Собранието, бил претставен на координаторите на пратеничките групи на првата координација и поделен на координаторите.  

-Имајќи ги предвид состојбите на 17 ноември 2020 до државната Комисија, односно до Министерството за здравство, поднесов предлог за дополна на Проколот, за да се размисли стручно исто како лицата што се изолирани поради контакт со позитивно лице, а не се згрижени во здравсвени институции, туку се лекуваат дома, доколку здравствената состојба им дозволува да можат по посебен протокол да доаѓаат во Собранието.  Добив одговор на 18 ноември со кој што се дополнува претходниот протокол и ги опишува условите под кои треба да се внесат пратениците во Собранието, во посебни простории и дека куполата може тоа да го овозможи и тоа е спроведдено, рече Џафери.

Според него, дополнувањето на протоколот е претставен на координаторите на пратеничките групи на 23 ноември, но во тоа време координаторите на пратеничките групи од опозоцијата поради измената на Деловникот што го пуштил Џафери за одржување онлајн седници не учествувале на средбата. Тој имал дополнителна средба со нив и ги известил за дополнувањето на протоколот.  

-Но ценам дека не треба да се доведеме во ситуација. Досега водам преговори да не се доведам во ситуација да се условува кворумот во ситуација кога знаете дека колегите ви се болни, ниту е етички ниту е морално, рече претседателот на Парламентот. 

Next Post

Албанија од утре воведува двонеделен карантин за сите кои доаѓаат од Северна Македонија и од Грција

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk