Владата на Република Северна Македонија на денешната 66-та седница го усвои Шестиот пакет антикризни економски мерки вреден 17,8 милиони евра за поддршка на дејностите кои беа целосно затворени со цел превенирање на ширењето на корона вирусот во текот на месец април 2021, како и за подобрување на ликвидноста на компаниите кои инвестираат во текот на 2021 година.
Првата кредитна линија од овој пакет е за поддршка на медиуми со која ќе бидат опфатени 55 компании за поддршка на нивната ликвидност преку креирање на посебна кредитна линија во износ од 61.500.000 денари, со 0% каматна стапка.





