ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Гутереш: На работ сме на климатски амбис

April 20, 2021 10:00
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш предупреди дека Земјата е преплавена од рекордни количества на тропски бури, топење на ледени плочи и глечери, топли бранови и шумски пожари…

„Минатата година беше една од трите најтопли во историјата во мерењата и беше обележана со пожари, поплави, суши и топење на глечерите“, се наведува во извештајот на Обединетите нации во кој генералниот секретар на ОН предупредува дека светот е на работ на „амбис“.

Во 2020 година дојде до „двоен удар“ за милиони жители низ светот погодени од екстремните временски услови и ограничувачките мерки наметнати поради пандемијата на коронавирусот, што ја одложи помошта за некои региони, предупреди Светската агенција за метеорологија на ОН (СМО).

Извештајот за состојбата на климата во светот, објавен пред самитот за климатски промени, што ќе се одржи на 22 и 23 април под американско раководство, ги потврдува овие заклучоци, пренесува Хина.

-Ние сме на работ на бездната. Гледаме рекордни количества тропски бури, топење на ледени плочи и глечери, суши, топли бранови и шумски пожари, рече генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.

Извештајот покажува дека глобалната температура во 2020 година била за 1,2 степени Целзиусови повисока од прединдустрискиот период, што ја рангира меѓу трите најтопли години, заедно со 2016 и 2019 година.

Меѓу индикаторите истакнати во извештајот се рекордно ниското ниво на мраз на Арктикот во два месеци од минатата година и фактот дека околу 80 проценти од океаните во 2020 година имале барем еден топлотен бран минатата година.

Next Post

Репортери без граници ја рангира Северна Македонија на 90 место, напредок од две места од минатата година

НАЈНОВО

Фото: Навивачки клуб на „Барселона“

Се запали автобус со навивачи на „Барселона“ во Бриж, нема жртви

November 5, 2025

Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Украина

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мамдани ја мобилизираше надежта, а нашите медиуми – стравот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk