ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНА

Нова национална заложба за климатска акција, до 2030 година за 82 отсто да се намали емисијата на стакленички гасови

April 20, 2021 14:52
in ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерството за животна средина и просторно планирање ја достави својата втора национална заложба за климатска акција пред Рамковната конвенција на Обединетите нации за климатски промени (UNFCCC) со која земјава се заложи да ги намали нето емисиите на стакленички гасови за 82 отсто до 2030, споредбено со нивото од 1990 година.

-Република Северна Македонија постави навистина амбициозни климатски цели за нашите Национални придонеси за координиран и кохезивен одговор на климатските промени од страна на Владата и општеството. Постои јасна и профитабилна можност за намалување на емисиите на стакленички гасови како централен елемент на зајакнатите Национални придонеси. Со тоа ќе се овозможи земјата да мобилизира значителен капитал далеку над националниот буџет, изјави министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини.

Тоа се предвидува да се реализира преку 63 политики и мерки ќе го отворат патот кон декарбонизација на целата економија, поткрепени со силна економска логика која покажува намалени трошоци во споредба со тековните економски политики. Со адресирање на социјалниот аспект преку создавање на речиси 8000 зелени работни места до 2030 година, од кои барем 27 отсто од ќе им припаднат на жени.

Воедно се потенцира доминантната улога на приватниот сектор кој учествува со 85отсто од целосната инвестиција потребна за реализација на мерките и политиките во индустрискиот сектор. Се предвидува дека поместувањето кон циркуларни економски модели може да ги намали емисиите за 951 Gg CO2-eq годишно, да создаде 2740 нови работни места и да генерира 47,17 милиони евра во економијата до 2030 година – доволно за да биде контратежа на емисиите од отстранувањето на цврстиот отпад и емисиите од индустрискиот и секторот за процесирање на отпад.

Предвидено е и воведување на индикатори за род во дел од политиките и мерките со цел посоодветно да ја адресираат родовата компонента на климатските промени, квантификацијата на балансот меѓу Целите за одржлив развој и Националните придонеси покажува дека синергијата е три пати поголема од потребата за компромис меѓу двата сетови на цели, како и примена на иновативен виртуелен пристап за младинска консултација кој ќе обезбеди гласот на младите да биде преточен во Националните придонеси.

-Овозможувањето на зелено опоравување од ковид кризата преку амбициозните Национални придонеси е централен елемент од поддршката која УНДП ја нуди во справувањето со климатските промени. Со поддржување на енергетската транзиција ќе покажеме дека е возможно да се намалат емисиите на стакленички гасови и воедно да се оживее економијата, посочи Постојаната претставничка на УНДП Нарине Сахакјан.

Според Договорот од Париз од 2015 година, во кој светските лидери универзално се согласија да преземат климатска акција за ограничување на растот на глобалната температура под 2 степени Целзиусови, правејќи напори за ограничување до побезбедната граница од 1,5 степени Целзиусови, земјите се согласуваат да развијат заложби за климатска акција, исто така познати како „национални придонеси“ („Nationally Determined Contributions – NDS“), кои заедно ќе помогнат во справувањето со глобалното затоплување. Договорот исто така ги повикува земјите да ги ревидираат и зајакнат нивните придонеси еднаш на пет години. Сепак, се повеќе е очигледно дека мора да се преземат итни мерки за да се променат тековните неодржливи трендови, водејќи до високи очекувања за амбициозни заложби од владите кои нема да занемарат никого.

извор: МИА

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Филипче на Канал 5: ВМРО-ДПМНЕ ја продолжува политиката на Груевски, популизам и поделби наместо реформи

July 15, 2025

Во Србија од октомври ја зголемуваат минималната плата на 500 евра

July 15, 2025

Митева: Извештајот на ГРЕКО ја покажува работата на Владата и движењето на Македонија во правилна насока

July 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Премиере, кочи малку оти ќе се тумбаме

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски ја саботира европската иднина – Македонија сама се блокира

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Национализмот на вечната жртва

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ујдурмата на „Маркет Вижн“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Никола Димитров на Сими Симпозиум: Ако ЕУ остане без вредности, тогаш е ништо!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk