ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Османи: Иднината на регионот е евроатлантската интеграција

April 20, 2021 22:25
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Иднината на регионот е евроатлантската интеграција. Друга алтернатива нема. Се употребија различни модели како да се решаваат етничките прашања во регионот. Досега имаше два такви успешни, Охридскиот рамковен договор на ниво на држава и евроатлантската перспектива на ниво на регион кој имаше трансформирачка сила да го трансформира регионот од регион кој пред 20,30 години беше во ровови во регион кој пред неколку месеци во Софија потпиша Договор за заеднички регионален пазар со движење на луѓе, капитал, услуги…, изјави вечерва министерот за надворешни работи Бујар Османи во Топ Тема на телевизија Телма.

Прашан за словенечкиот нон-пејпер, Османи смета дека ние не треба да паднаме во стапица и да идентификуваме корелација авторство на документот кога официјалните државни органи на Словенија тоа го отфрлаат и нема никаков доказ за тоа. Посочи дека Словенија ни е пријателска држава и додаде оти ни треба да веруваме на официјалните документи. Додаде дека содржината е стара тема и не е ништо ново прашањето на размена на територии, за кое се разговарало на разни форуми…

Нашиот став по однос на содржината е јасен, нагласи Османи, но важно е да се види чија е идејата, во кои кругови се движи, што е целата, каква дебата да се поттикне… и зато не треба да се брза во констатациите бидејќи шпекулаците во надворешната политиката можат скапо да ги чинат билатералните односи, но и воопшто.

-Северна Македонија не е предмет на тие дебати и тоа е јасно. Ние сме земја членка на НАТО која веќе не е корисник на проекти за стабилност, туку напротив придонесува во регионалната стабилност. Не е веќе објект на масата, туку е субјект кој седи со најсилните земји во светот на масата на НАТО и ние имаме став кој го извезуваме и во рамки на Сојузот, и во рамки на ЕУ и во сите форуми во кои разговараме, рече Османи.

Според него, единствена алтернатива за траен мир и стабилност во регионот е проширување на НАТО во регионот дополнително и членството на целиот регион во ЕУ. Сите други модели, како што рече, може да го предизвикаат мирот.

 

извор миа.мк
Next Post

Бугарија останува подготвена за дијалог со Северна Македонија, тврди бугарскиот амбасадор во ЕУ

НАЈНОВО

Фотомонтажа Фронтлајн и ВИ

Kои се вистинските разлики меѓу Грокипедија и Википедија – и зошто тие се повеќе од технолошки

October 29, 2025
Фото: Фејсбук на Гордана Сиљановска Давкова

Сиљановска Давкова на Парискиот мировен форум: Очекувам дискусии што ќе придонесат кон решавање на најгорливите глобални предизвици

October 29, 2025
Скриншот

Обвинителите бараат затворски и парични казни за ширење лажни вести против Брижит Макрон

October 29, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кај и да е ќе дојде и тој ден – овој е ретард

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џенифер Лоренс: Се чувствував одбиена – не поради филмовите, туку поради тоа што сум јас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ѓорѓиевски: Досега немало разлика од 60.000 гласови меѓу противкандидати на локални избори во Градот Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бесплатен доплер на каротидни артерии на Неврологија во рамки на отворениот ден по повод Светскиот ден на мозочен удар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk