ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Спасовски: Со координирана акција и активна меѓународна соработка до справување со современите глобални безбедносни ризици

April 20, 2021 16:29
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Насилниот екстремизам како феномен добива големо внимание во меѓународната политика, и со право – поради зголемената свесност дека треба да се одговори на потеклото на терористичката активност, а не само да се фокусира на запирање на нападите. Истовремено, во целиот спектар на современи безбедносни ризици, покрај насилниот екстремизам, во секое општество сè поприсутен е и феноменот на радикализација, во кое слоеви од младата популација прифаќаат екстремни ставови и идеи и го менуваат своето однесување, од политички активизам до примена на насилни средства и методи“, истакна министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на почетокот на своето излагање на конференцијата на Организацијата за безбедност и соработка на Европа,  која се одржа денеска во Виена, во организација на Шведска, како годишен претседавач со ОБСЕ, а на тема „Зајакнување на сеопфатен пристап за спречување и борба со тероризам и насилен екстремизам и радикализација кои водат до тероризам во променливи околности“.
Во своето онлајн вклучување во втората сесија од конференцијата, министерот Спасовски посочи дека градењето на ефикасни стратегии и политики нужно подразбира идентификување на условите во кои тие се јавуваат, како и начините на нивно манифестирање, согласно актуелните трендови, при што нагласи дека: „Како одговор на безбедносните ризици и предизвици, Република Северна Македонија постојано ги надоградува своите национални капацитети, согласно безбедносната стратегија и напорите на меѓународната заедница за заедничка борба против тероризмот со цел јакнење на меѓународната, регионалната а и националната безбедност“.

Во таа смисла министерот Спасовски истакна дека за справување и превенирање на појавите на насилен екстремизам и тероризам се планираат и преземаат интензивни мерки и дејствија на национално ниво, преку координација на 22 различни институции во рамките на Националниот комитет за сузбивање на насилен екстремизам и радикализам и борба против тероризам, како и во рамките на Министерството за внатрешни работи, односно Бирото за јавна безбедност, преку функционирањето на формираниот посебен Сектор за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам, во чиј состав функционира и Одделението за превенција.

Притоа, тој апострофираше низа тековни активности, почнувајќи од оние на локално и регионално ниво, организирани и реализирани од мултидисциплинарни тимови, потоа преку интензивна соработка на полицијата со локалните заедници, особено со специфични целни групи (младите, верските заедници, здруженијата на граѓани и.т.н), како и со иницирање и спроведување проекти засновани на интерактивност и мултидисциплинарен пристап кон поединци или ранливи групи, за кои според усвоените индикатори е констатирано дека се можна цел на индоктринација или регрутација.

 „Во насока на справување со глобалните безбедносни предизвици, Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија, преку своите надлежни служби активно партиципира и соработува со меѓународни организации и институции во размената на податоци од безбедносен интерес, за прашања кои ја засегаат европската безбедност“, потенцираше министерот Спасовски, притоа нотирајќи ја меѓународната димензија на овие феномени, која што пак, укажува дека ниедна држава не може сама да одговори на овие глобални безбедносни предизвици, па оттаму ефикасната превенција и сузбивањето на појавните облици на овие феномени подразбираат координирана акција и градење на заедничка безбедносна стратегија за справување со предизвиците.

Според министерот Спасовски, унапредувањето на овој вид соработка овозможува реално димензионирање на појавите и тенденциите на глобалните безбедносни феномени и благовремена реакција за нивно спротивставување.

„Во Република Северна Македонија е високо подигната свеста за потребата од мултидисциплинарен пристап и делување на локално, регионално и национално ниво при справување со насилниот екстремизам и радикализацијата, кои водат кон тероризам. Паралелно со овие активности, со промовирањето и развивањето на концептот „Едно општество за сите“ и на политичко ниво се делува во насока на ублажување или целосно отстранување на условите погодни за развој на овие појави“, нагласи министерот Спасовски на крајот од своето обраќање.

Next Post

Стерјовски: Воведениот карантин за секој кој влегува од Македонија во Албанија, избрзана и погрешна одлука

НАЈНОВО

Фото: Фронтлајн

Прекинато водоснабдување во дел од Шуто Оризари

November 7, 2025
МИА

Ѓорѓиевски: Од понеделник 55 приватни автобуси ќе го засилат јавниот превоз во Скопје

November 7, 2025
ВИ

ЕУ планира да испрати воени инструктори во Украина по завршувањето на војната, како дел од безбедносните гаранции

November 7, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Скандал на Мис Универзум: Натпреварувачките го напуштија настанот по навредата кон Мис на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Panem et circenses“ – „леб и игри“ во стил на Орце и Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу за изјавата на Мицкоски: Кој е пред, а кој позади – кажува Брисел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО и ФОТО) Спектакуларно започна ПР претставата „72 часа чисто Скопје“, во присуство на Орце и Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk