ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Бочварски: Ќе постапиме веднаш кога ќе добиеме елаборат за суспензија на ДУП-от од Општина Центар

April 21, 2021 13:20
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, РЕПУБЛИКА
Фото: Влада на РСМ

Фото: Влада на РСМ

Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски вели дека службите на Министерството ќе постапат веднаш доколку Општина Центар до нив достави елаборат за суспензија на спорниот ДУП за парцелите спроти Холидеј Ин каде треба да се градат висококатници.  Досега од општината испратиле само прашалник како да се изработи елаборатот.

Законот за урбанистичко планирање, повтори денеска Бочварски, е јасен, односно деталните  урбанистички планови се сопственост на општините.

-Во моментот кога ќе го добиеме барањето од која било општина, дали е Центар или која било, во рок од 15 дена  ќе се изјасниме  во однос на суспензија на тој план, тоа е наше мислење коешто се враќа во Советот на матичната општина и потоа гласат советниците. Додека  не добиеме  барање за суспензија или елаборат за суспензија ние немаме предмет  по кој ќе постапуваме. Не знам зошто се создава слика дека некој нешто избегнува да одговори или јавноста не е запознаена, или се создава некаква забуна кога реков и повторувам  дека во моментот кога ќе се добие тој елаборат ќе ја информирам јавноста секако и ќе постапиме во законскиот рок за потоа да го вратиме предметот во општината да си се изјасни, изјави Бочварски.

Елаборат, повтори, немаме добиено и не можам да постапувам за нешто што е спротивно на законот. – Во момент кога ќе добиеме  елаборат за суспензија го процесуираме, нашите служби ќе постапат веднаш и ќе го вратиме во Општина Центар, така што и градоначалникот потврди дека елаборат не е доставен,  тој доставил прашалник како да се изработи елаборатот. Елаборатот го изработуваат стручните служби на Општина Центар, Комисијата за урбанизам, и  го доставува до Министерството за транспорт и врски, рече Бочварски, одговарајќи на новинарско прашање по потпишувањето на договорт за брз автобуски превоз во Скопје.

По укинувањето на мораториумот за градење во Општина Центар со одлука на Уставниот суд, уследи потпишување на петиција против најавената изградбата на висококатниците, а такво барање до Владата испратија и повеќе граѓански организации. Жителите на населбата Ново Маало на локацијата кај што треба да се гради го поддржуваат проектот. Тие најавија дека денеска ќе достават петиција до надлежните институции за да се реализира проектот.

Инвеститорот „МГ Фешн“ преку електронскиот систем на Општината поднел барање за градежна дозвола, а  изградбата може да се спречи доколку Советот на Општина Центар донесе одлука за суспензија, но штетите доколку се влезе во постапката за суспензија, а не се постигне посакуваниот ефект, ќе ги сноси Општината.

Од Асоцијацијата на архитекти на Македонија (ААМ) и Академијата на архитекти вчера порачаа да се почитува генералниот урбанистички план и јавниот интерес.Како архитекти, истакнаа оттаму, не сме против градење, ниту против личните и бизнис интереси на поединци, доколку тие не го загрозуваат квалитетот на животниот простор и јавното добро.

– ААМ е за доследно почитување на целите, проекциите и планските решенија од Генералниот урбанистички план на град Скопје 2012-2022 год. и плановите од пониско ниво мора да бидат усогласени со овој стратешки план. Тоа се однесува и на планот во чиј состав е оваа локација спроти хотелот „Холидеј Ин“, но и за сите останати за кои постои интерес во јавноста како што се фабрикатаТреска, Дебар Маало, Мал Ринг, Езеро Треска, Расадник и т.н. Деталните урбанистички планови, кои претставуваат акти од јавен интерес, треба да содржат креативни решенија, кои на жителите, корисниците и посетителите на просторот ќе им овозможат негово безбедно, квалитетно и комфорно користење и доколку не е така истите мораат да бидат коригирани, соопштија од ААМ.

извор: МИА

Next Post

Заев: Во глобална пандемија рекорден број апликации на јавните повици на ФИТР

НАЈНОВО

Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Поднесено обвинение за несреќа со загинат работник на сепарација на Вардар

October 29, 2025

Касами: Мојата изјава за Кичево е извадена од контекст и погрешно протолкувана

October 29, 2025
Фото: Левица

Мециновиќ: Ова е генерациска борба на непривилегираните – отчукува нивното време, сега ние сме на потег

October 29, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кај и да е ќе дојде и тој ден – овој е ретард

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џенифер Лоренс: Се чувствував одбиена – не поради филмовите, туку поради тоа што сум јас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ѓорѓиевски: Досега немало разлика од 60.000 гласови меѓу противкандидати на локални избори во Градот Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бесплатен доплер на каротидни артерии на Неврологија во рамки на отворениот ден по повод Светскиот ден на мозочен удар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk