Просечната плата исто така почна да расте и од почеток на годината има раст од 2,7 проценти, а се забележува и раст на кредитирањето од 4,4 проценти.“- изјави заменик министерот за финансии, Димитар Ковачевски, во интевјуто на ТВ Стар. Дополни дека буџетот е во солидна кондиција и дека може да ги издржи антикризните мерки кои продолжуваат и со шестиот пакет. „Ги уверувам и пратениците и граѓаните дека буџетот на РСМ е ликвиден, може да ги сервисира сите обврски кои што ги има, нивото на задолженост на државата во наредниот среднорочен период се насочува кон консолидација на јавните расходи. Да не заборавиме сега имаме зголемување на јавниот долг како резултат на ефектите на здравствено економската криза.“- рече Ковачевски.





