ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Мицотакис најави олабавување на марките по Велигден, на 15 мај старт на туризмот

April 21, 2021 18:25
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Отворање на угостителските објекти на 3 мај, со скратен полициски час од 23 часот, враќање на сите ученици во училишните клупи на 10 мај и отворање на туризмот на 15 мај, заедно со укинување на забраната за движење меѓу градови, се трите точки од планот на грчката Влада за постепен излез од карантинот, што попладнево го соопшти премиерот на Грција Кирјакос Мицотакис, јави дописничката на МИА од Атина.

Во видео пораката до граѓаните, Мицотакис истакна дека предуслов за конкретниот план е да нема ново зголемување на случаите на Ковид-19.

Угостителските објекти, основните и средните училишта ќе се отворат со задолжителни селф тестови, односно брзи тестови за домашна употреба, како за вработените, така и за учениците и професорите.

Туризмот, како што е веќе познато ќе се отвори со сертификат за вакцинација или негативен тест за посетителите.

Во однос на претстојните велигденски празници, Мицотакис соопшти дека нема да биде дозволено движење меѓу региони, односно патување од еден во друг град.

-Имам кажано дека нашата цел е безбеден Велигден и слободно лето. Но, првото не може да го поткопа второто. Затоа и за Велигден треба да не патуваме. Атика и големите градови сè уште имаат многу заразени со Ковид. Нивното масовно движење носи ризик од ширење на вирусот насекаде, рече Мицотакис објаснувајќи дека во помалите места е тешко лекувањето и додаде дека затоа не треба да се мисли само на одмор, туку и на здравјето на жителите на селата и островите.

Грчкиот премиер во пораката до граѓаните рече дека пандемијата се чини дека се стабилизира, здравствениот систем одговара на притисокот, а индексот на позитивност се намалува, но, истакна дека сепак најважна е ефикасноста на вакцините.

-И покрај беспрекорната организација, сè уште не сме на посакуваните проценти, особено за најранливите категории. А навистина, безбедноста и ефикасноста на вакцините се докажуваат секој ден. Трагично е што луѓето ги губат нивните животи, кога со вакцината ќе беа спасени. Затоа, уште еднаш ќе ве повикам, ќе ве замолам да го заштитите вашето здравје со овој голем дар на науката. Опасноста не демне во вакцината, туку при болест и болка. Бројките покажуваат дека е поверојатна несреќа на улица, отколку проблем од вакцинацијата, порача Мицотакис.

Паралелно, најави дека од следната седмица ќе започне нов, како што рече, брз процес за вакцинација на лицата над 30 години, за побргу да се стекне колективен имунитет.

Деталите за конкретниот план, ќе ги соопшти попладнево министерот за здравство на Грција.

Мицотакис кусо се осврна и на импровизираните, речиси секојдневни забави во паркови и плоштади во атински населби за време на полицискиот час, истакна дека со најавеното укинување на рестрикциите, „оној кој е уморен веќе нема алиби да прави своеволни работи“ и повика да запрат собирите.

Грција од 7 ноември 2020 година е во карантин со воведен полициски час од 21 часот, а со исклучок на продавниците, фризерските салони, берберниците, археолошките локалитети и повисоките класови од средните училишта, останатите активности во земјата се затворени.

извор: МИА
Next Post

Министерката Шахпаска учествуваше на онлајн Форумот за Западен Балкан: Дијалог на високо ниво за социо-економското влијание на пандемијата врз ранливите Роми во Западен Балкан и Турција

НАЈНОВО

Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Поднесено обвинение за несреќа со загинат работник на сепарација на Вардар

October 29, 2025

Касами: Мојата изјава за Кичево е извадена од контекст и погрешно протолкувана

October 29, 2025
Фото: Левица

Мециновиќ: Ова е генерациска борба на непривилегираните – отчукува нивното време, сега ние сме на потег

October 29, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кај и да е ќе дојде и тој ден – овој е ретард

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џенифер Лоренс: Се чувствував одбиена – не поради филмовите, туку поради тоа што сум јас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ѓорѓиевски: Досега немало разлика од 60.000 гласови меѓу противкандидати на локални избори во Градот Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бесплатен доплер на каротидни артерии на Неврологија во рамки на отворениот ден по повод Светскиот ден на мозочен удар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk