Потребен ни е гласот на народот, бидејќи тоа движи кон промени.
Важно е младите да бидат свесни и тие да инсистираат на активности во ова поле. Бидејќи нивната свесност за проблемот и нивната загриженост за сопствената иднина треба да биде сигнал за владите дека треба да ги слушнеме младите и да обезбедиме сите граѓаните да станат свесни за влијанието на климатските промени врз нивниот живот, истакна денеска министерот за животна средина и просторно планирање на првиот дел од настанот #ВозможноЕ, на тема „Националните придонеси за климатските промени во фокусот – #ВозможноЕ да се постигне глобалната цел за климатски промени од 1,5 степени со амбициозна #КлиматскаАкцијаСега“.
Тој посочи дека помладите генерации се многу посвесни и многу посериозно го сфаќаат проблемот со климатските промени.
– Исто така ние треба да работиме што повеќе граѓани да станат свесни за овој проблем. Знаеме дека ова е глобалем проблем, но колку граѓаните се посвесни за овој проблем тие ќе бидат понастојчиви и ќе бараат од Владата повеќе активности во ова поле. Нашата цел за намалување од 51 проценти на емисиите на стакленички гасови, е навистина нешто што треба да го обезбедиме заедно со граѓаните, нагласи Нуредини.
На настанот, што е организиран од страна на Програмата за развој на Обединетите Нации (UNDP), Министерството за животна средина и просторно планирање и платформата Климатски Промени (klimatskipromeni.mk), учесниците преку отворена дискусија дебатираа за специфичните цели и активностите поврзани со климатските промени на национално ниво предвидени во Ревидираниот национален придонес, како и во светот како глобални цели.
Имено, кога станува збор за климатските промени, државата има три текови на стратешки документи со цел да се усогласи со глобалната цел глобалната температура да не се зголеми повеќе од 1,5 степени, целите на ЕУ и целите на Енергетската заедница. Владата, преку МЖСПП, а со поддршка на UNDP преку иницијативата „Ветување за климата“, го ажурираше својот Национален придонес за климатските промени, во кој постави амбициозни цели за намалување на емисиите на стакленички гасови до 51 процент во однос на емисиите од 1990 година.
Главната цел на настанот #ВозможноЕ, што е поделен во три дела, е да се изгради политичка волја, национална вклученост и ангажман за подобрено прифаќање и спроведување на Ревидираниот национален придонес преку реални дискусии помеѓу клучните национални чинители. Пораката е климатските активности да се согледаaт како можност која треба максимално да ја искористиме воспоставувајќи синергија меѓу сите општествени чинители.
Министерот за животна средина и просторно планирање посочи дека навистина се амбициозни кога се работи за климатските промени и предвидените чекори на тоа поле.
– Ако ги погледнеме ревидираниот Национален придонес гледаме дека даваме навистина амбициозен предлог за намалување од 51 процент на емисиите на гасови, споредбено со 1990 година. Што всушност претставува намалување од 82 проценти во нето вредност. Ова е навистина амбициозна цел и верувам дека сме лидери во регионот во поглед на тоа. Не е само цел, ние работевме на ова, со експерти од МАНУ, меѓународни експерти, а УНДП ни помогна во овој процес да напредуваме, амбициозни сме бидејќи ги разгледуваме изборите за обновливи извори, за енергетската ефикасност, разгледуваме како да се променат навиките и практиките на потрошувачите, значи не е дека само поставуваме како Влада абициозна цел, потенцираше Нуредини.
Министерот посочи дека важно е сите сектори да работат заедно и оти Министерството за животна средина е член на економската комисија на Владата.
– Имаме навистина добра соработка со Министерството за транспорт и врски и Министерството за економија. Овие три институции заедно можат да придонесат кон оваа промена. Министерството за економија сега работи на стратегијата за енергетика, а Министерството за транспорт работи на инфраструктурата и мобилноста, но четвртиот суштински партнер во оваа работна група е Министерството за финансии, нагласи Нуредини.
Тој наведе дека министерот за финансии, целосно ја поддржува стратегијата на зелен развој и одржлив развој.
– Во поглед на постигнувањето на целите што ги поставивме, поставуваме големи вредности но тоа не значи дека тие не се можни. Идејата е самата Влада да инвестира во одржлив развој, во помали емесии на јаглерод диоксид, да ги напуштиме електраните што работат на јаглен и во поглед на производството на енергија во земјата и што е најважно да ги мотивираме граѓаните да купуваат повеќе еколошки производи. Исто така своите домови да ги направат енергетски поефикасни. Тој навистина дава поддршка за тоа сме благодарни и гледа потенцијал за навистина добар економски развој преку добри одржливи зелени инвестиции, рече Нуредини за министерот за финансии.
Нуредини потенцираше дека сите треба да бидеме свесни дека за да станеме членка на ЕУ ќе треба да донесеме нови политики, и секако нашата стратегија да биде усогласена со директивите на ЕУ.
– И мораме да бидеме свесни дека европскиот Зелен договор е нашата одредница, нашата дестинација. Исто така многу сме благодарни и за зелената агенда за Западен Балкан, којашто им помага на земјите како нашата којашто се уште ги нема исполнето стандардите на ЕУ, значи за да можеме да го исполниме европскиот Зелен договор. Секако сакаме да им помогнеме на приватниот сектор, на локалната самоуправа да го напуштат користењето на фосилни горива и да имаме што почиста енергија. Секако нема да имаме исти нивоа како земјите членки на ЕУ, но се надеваме дека ќе се усогласиме во наредните години со тие стандарди. Секако ова не го гледаме од перспектива од денес и утре, туку секако треба да е прашање на долгорочна стратегија, посочи Нуредини.
Министерот за животна средина и просторно планирање нагласи дека европскиот Зелен договор секако ни помага да знаме во кој правец треба да се движиме, а ние, како што рече, како држава како Влада треба да бидеме посветене, бидејќи ова не е нешто што се остварува во наредните неколку години, туку е нешто што за што треба да се планира за наредните 30 години, затоа сите субјекти сите фактори, треба да помогнат во ова.
– Ние сме мала земја имаме слични обврски како и големите земји и затоа ќе ни биде потребна поддшката од голелмите земји, особено од тие од ЕУ, за да ги исполниме критериумите, заклучи Нуредини.
Министерот за финансии Фатмир Бесими посочи дека како Влада се определени за зелениот раст и се што вклучува во однос на заштита на животната средина.
– Во контекст на тоа и инвестициите што значат, подобрување на животната средина и националниот придонес. Ние веќе во текот на денешниот ден потпишавме договор со ЕБОР и со Град Скопје за брз автобуски транспорт во Скопје, што ќе работат и на горива што се во корист на животната средина.
Самата програма што ја поминавме на Владата како составен дел на завршната рамка на Буџетот, во јавните инвестиции имаме неколку проекти што значат подобрување на животната средина. Од аспект на енергетиката, делот на фотонапонските системи, значи на Осломеј и во Битола, исто така мрежата на гасификација, интерконкцијата со гасификација на национално ниво, значи имаме неколку проекти што значат подобрување на животната средина, а воедно и планот за поддршка на инвестицииите има компонента, планот за финансирање на растот во наредниот период кој се планира да се презентира исто така вклучува и компомента на развој на животната средина, нагласи Бесими.
Министерот за финансии потенцираше дека дополнително на сите тие чекори, реформите во даночниот систем вклучуваат и еден аспект на данок на јагледор, кој согласно и со консултациите со бизнис заедницата и останатите чинители во општеството, ќе се дефинираат најсоодветни решенија и во тој поглед.
– Во однос на финансиската рамка, според сегашните проценки имаме околу седум проценти од БДП, и секако тоа треба во овој неколкугодишен период да се реализира. Меѓутоа со цел да се постигне тоа, секако дека во делот на јавни инфраструктурни проекти ќе се финансира делумно од Буџетот, делумно од заеми, меѓутоа значаен дел во цел овој процес има и приватната иницијатива, односно приватните инвестиции. Ние сметаме дека ова ќе биде заедничка заложба со добро утврдени политики во однос на поддршка на инвестициите што ќе значат подобрување на животната средина, како и Националниот проднес, што веќе беше усвоен од Владата, да достигне до 51 процент до 2030 година. Така е поставена и финансиската рамка која доправа ќе има и стратегија и во однос на тоа како и по проекти тоа ќе се оствари, заклучи Бесими.
Постојаната претставничка на УНДП во земјава Нарине Сакахјан и честиташе на Владата и на Нуредини за усвојувањето на зајакнатите Национални придонеси. Тоа, како што рече, се секако амбициозни, но реални и остварливи цели.
– Не е доволно да се охрабрат зејите да ги намалат емисиите, туку да видиме како тоа ќе се направи, каква поддршка им е потребна и како ние како партнери во развојот можеме да им помогнеме да ги остварат нивните цели. Ветувањето за климата е заложба на УНДП со која сакаме да обезбедиме дека секоја земја која сака да ги исполни своите ветувања во делот на климата да може да го оствари тоа со наша помош, ова е секако нешто со што се поддржуваат 180 земји во соработка со 35 партнери, рече Сакхјан.
Таа нагласи дека УНДП има докажано добри резултати во соработката со Владите за исполнување на обврските во делот со климата од Парискиот договор.
– Како главен поддржувач и партнер на македонската Влада во делот на политики и стратегии поволни за климата Канцеларијата на УНДП во Скопје соработува со МЖСПП и другите релевантни чинители на идентификување на најдобрите опции за Македонија за зајакнување на климатската акција.
Резултатите се импресивни и амбициозни, покажувајќи дека знаењето е е главниот момент и главниот фактор за делување во делот на климатските промени, посочи Сакахјан.





