Премиерот Зоран Заев денеска ќе учествува на панел-дискусија на тема „Со инвестиции во иновации до одржлив економски раст“, што се одржува по повод 21 Април, Светски ден на креативноста и иновативноста.
Покрај премиерот Заев на панелот ќе се обратат Коста Петров, директор на ФИТР во улога на модератор, како и претставници на компании кои реализирале иновативна идеја со поддршка на ФИТР, односно Весна Кузмановска од „Стратум Рид“, Димитар Шошев- „Елисиум Центар“ , Ана Спасовска од „Иновејшн“ и Глигор Давчевски од „Докстим“.
Панел-дискусијата е во организација на Фонд за иновации и технолошки развој. Настанот ќе биде онлајн и ќе може да се следи во живо на социјалните мрежи на ФИТР, како и на Фејсбук страницата на премиерот Заев.
извор: МИА




