ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

И црешата ќе биде жива…

April 22, 2021 09:45
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ФРОНТ
Борче Боки Трајковски (фото: Огнен Бошњаковски/ФРОНТЛАЈН)

Борче Боки Трајковски (фото: Огнен Бошњаковски/ФРОНТЛАЈН)

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: БОРЧЕ БОКИ ТРАЈКОВСКИ

Сотруваа сè. Уништуваа сè што според нив „треба“ да се уништи. Го сотреа Скопје, ја сотруваа и државата. „убиваа“ со умисла. Здружени во сотрувањето на сите. И лажно владееја, и гледавме лажни пратеници во средниот партер на македонското Собрание, и целулитно холестеролски задници засидрени во малите и големите фотелји на локалната и државната администрација, министри и шефови на нивните кабинети, возачи, обезбедувачи, кои тешко дека некој можеше да ги помрдне, да ги натера барем да се замислат, можеби да се запрашаат, „што правиме?“, заради неповторливата животна шанса да шибаат со моќтта на камшикот на власта врз останатите. Да заплашуваат, да се перчат. Нè сотруваа и оние владини кооперанти, надворешни поддржувачи, сеирџии, интересџии, примитивци, професори, интелектуалци, егоисти, писмени, неписмени и полуписмени новинари, сите до еден со расипани души, избрани според посебните критериуми на владините огласи, и тренирани во идиотските инкубаторски тренинг центри за производство на новата раса, која ќе има единствена задача да ги набилда со доволна доза на омраза кон своите по род, различни по идеологија и вера, и да ја реализира конечната пресметка со сите неистомисленици, да ја докрајчат, да ја исцедат државата. За пари, за чалум, за времена моќ. Од ропачки аздис.

Со моторни пили му ги отсекоа белите дробови на Скопје, го облекоа во мермер, бронза и стиропор, и немилосрдно го загушија. Околу барокно античкиот саркофаг насадија палми и врби, а Вардар повеќе не беше река со специфичен мирис. Немаше ни кленови, ни кркушки, ниту сомови. Немаше повеќе ниту рибари кај дрвеното мовче кај Жабарот, немаше ниту кај Камени, ниту кај Железнички мост. Во нивно време Вардар стана отворена канализациона мрежа, врз чија матна вода се возеа маснотии и празни пластични шишиња од Матка и Сарај до широката одводна цевка позади владата, па заедно со владините и галиските срања продолжуваа да го трујат и останатиот дел од државата, а ексклузивци на свежата смрдеа на владините фекалии беа Скопјани. Ги сотруваа и нив заедно со градот. Уште името да го исклесавме и сликата да ја залепевме на мермерот, да се прекрстевме и да прошепотевме – Почивај во мир роден граду наш, еве НА, пак што ќе никнеш.

Мртви беа судовите, мртво беше и обвинителството, мртви беа сите институции во државата. Мртви, заради тоа што беа под директна контрола на грст „убијци“ кои под сопствените задници ја чувствува моќтта на измамнички освоената власт. И не им беше битно што сите дознаа дека и тие се мртви. На расипаните души не им беше битно што конечно и тие дознаа дека биле жртви на моќта и раскалашеноста на сопствената врхушка, и министрите и пратениците и лидерите и судиите, и обвинителите, и новинарите кои сесрдно ги заштитуваа. Не им беше битно што дознаа дека смрдеата што брзо се шири околу нив, е од нив. Ниту еден од нив не се помрдна да покаже знаци на нормалност, да се спаси во последен момент. Не. Сите молчеа, а тие кои се осмелуваа да искоментираат нешто, како да ги користеа последните полнења пред да посегнат по пасошот и да фатат џенем. Не очекувавме од ваквите да го грабнат малото шишенце со „волшебен“ напиток испорачано на почетокот на соработката во облик на гарантни меници со мафијашката врхушка под заклетвата „послушност до смрт“, и сами да си пресудат. Расипаните души не го признаваат сопствениот злостор.

Гардата од врвот на замокот не покажа знаци за намера да признае, да се предаде, да развее бело знаме. Тие беа научени да сотруваат до крај, да расчистуваат со сè што им се противставува, со секој кој им се заканува, ги критикуваа, ги опоменуваа, ги обвинуваа. Тие, не потклекнаа ниту под притисокот од детонациите од пробиените воздушни ѕидови кои ги испраќаше тогашната опозиција после секоја бомба и им ги разнесуваше стаклените излози од префектските ложи, ги разобличуваше, ги отвараше како селски бакалски тефтер, ниту од наездата на стаорците, кои почнаа да излегуваат од подножјата на ѕидините на Владата и во масовен бег се слеваа во матниот Вардар. Овие „монструми“ беа свесни дека на лажен начин и со лажна доверба на мнозинството граѓани се устоличени на власт, и ќе продолжеа да сотруваат, до крај.

Епа, нема повеќе тунели во кои би се разговарало со нив за каков било компромисен договор. Не се повеќе на власт, иако имаат копија во таканаречената опозиција во сегашниот Парламент. Ако на овие им се пружи најмала шанса за дијалог, за недајбоже амнестија на нивните злодела, ако им се прости уништувањето на цели семјества, сотрувањето на човечки судбини, на прерано згаснати животи, на Тамара, на Мартин, на матурантите, на прегазените на пешачки премини, и многу други криминално мафиотски дејанија, заради заканите дека само така можеме на мирен начин да расчистиме со нив, да ги прифатиме обвинувањата дека Венко е виновен за смртта на заразените од Ковид, кога светот се бори против сè уште непозната бактерија, и на тој начин го заштитиме нивното егоистички набилдано богатсво, другарки и другари, тоа ќе значи ново, многу пострашно и многу понемилосрдно погребување, и на граѓаните и на државата. Затоа треба да се докрајчат сите судски процеси против нив. Брзо и ефикасно. И праведно, баш овака како што се наѕира правдата од судските чекан…

Луѓето кои со лажна доверба од граѓаните, со измами и фалсификати практицираа власта од 2011 година, единствено што може да слушнат од оваа власт е полициската порака: Завртете се кон ѕидот, кренете ги рацете, раширете ги нозете. Осомничени сте за убиството на државата, за организиран грабеж и пустошење, за режим и тероризам врз сопствените граѓани. Сè што ќе кажете може да се искористи против вас во понатамошната постапка. Имате право да молчите… Ништо друго.

Во секоја друга граѓанска улога со која пред монструмите ќе презентираме демократска свест и совест и евентуално преговараме за некаква заедничка преодна влада, за влада на Национален спас со нивно учество во неа, со нивно аплицирање во кој било институционален сегмент од државата, кога-тогаш, од јавноста ќе биде третирано и осудено како соучесништво во ново злосторничко здружување против граѓаните и државата.

И на крај, имам порака за Тоше, и за вас, вика вака: „Кога одев им реков, сè што имам и куќа и нива, нека земе што му треба секој, само црешата да ја најдам жива.“ Тоше, и ќе вратат и ќе платат, и црешата ќе биде жива…


Текстот е личен став на авторот. Сите права се задржани

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фотомонтажа. Заев и Филипче

Вистиномер: Двете фотографии од визите на Заев и Филипче се фотомонтажа

May 14, 2025

Деведесет отсто од анкетирани организации за женски права погодени од намалување на финансиите

May 14, 2025

„Гудисон Парк“ нема да биде срушен, ќе се игра фудбал на култниот стадион

May 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Затворени 13 научни институти, уште 13 под силен мониторинг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Стабилно нестабилна Влада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хоџиќ: Потребно е обединување на напорите на сите прозападни политички сили за брзо враќање на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски е тажен, сака авион – ама нема

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk