ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНА

Извештај на ОБСЕ и „Аделфи“: Климатските промени и безбедноста нудат можности за соработка во Југоисточна Европа

April 22, 2021 11:13
in ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА
Share on FacebookShare on Twitter

Климатските промени се мултипликатор на ризик и влијаат на економиите, животната средина и општествата во Југоисточна Европа на сложени начини, се вели во извештајот објавен денеска од ОБСЕ и берлинскиот истражувачки и аналитички центар „Аделфи“ што се совпаѓа со Денот на планетата Земја и петтата годишнина од потпишувањето на Парискиот договор.

Извештајот „Регионална проценка за Југоисточна Европа: Безбедносни импликации од климатските промени“, кој идентификува ризици, жаришта, заеднички предизвици и можности за соработка, ги презентира резултатите од обемните консултации за климатските промени и безбедноста во регионот на ОБСЕ. Овие консултации вклучуваат серија работилници и истражувања и со учество на над 80 претставници на владини тела, граѓански организации, академската фела од Југоисточна Европа и регионални и меѓународни организации.

-Климатските промени се забрзуваат на глобално ниво и ефектите се чувствуваат низ Југоисточна Европа со зголемена фреквенција и интензитет на топлотни бранови, суши, поплави и пожари, се оценува во Извештајот.

Во документот се наведени и седум групи ризици кои, како што се посочува, се особено релевантни во однос на регионалната безбедност и стабилност, вклучително и земјоделството, туризмот, енергетиката, здравјето и шумите. Исто така, извештајот дефинира седум специфични географски жаришта, како што се заеднички речни сливови и заеднички планински екосистеми, и два важни предизвика заеднички за целиот регион: загадувањето на воздухот и миграцијата.

Пред сè, извештајот нагласува неколку можности за регионална соработка што треба да се искористат за да се решат безбедносните ризици поврзани со климата.

-Климатските промени се едно од најважните прашања во нашето време во политичката, економската, социјалната и еколошката сфера. Исто така, можат да се појават како безбедносно прашање кога се во интеракција со други притисоци како што се нееднаков економски развој, социјална нееднаквост и ограничувања на ресурсите. Овие предизвици можат да се решат само преку мултилатерален и кооперативен пристап, изјави генералната секретарка на ОБСЕ, Хелга Марија Шмид и додава дека во Југоисточна Европа, веќе е постигнат напредок со мапирање на споделени потенцијални ризици и дефинирање на заеднички решенија.

Уште во 1975 година, Завршниот акт од Хелсинки ја призна потребата за соработка за климатските промени како дел од сеопфатниот пристап на ОБСЕ кон мирот и безбедноста. Според Вук Жугиќ, координатор на економските и еколошките активности на ОБСЕ, консултативните процеси како овој се од голема важност за решавање на различните влијанија на климатските промени во областа на ОБСЕ.

-Благодарни сме на сите учесници во овој регионален процес на консултации. Голем дел од учесниците беа жени кои ја поставија сцената за климатска истрајност во регионот. Во нашите следни чекори, потребен ни е силен ангажман на жени и мажи, вклучително и на млади за развој и спроведување на мерките за соработка што дополнително ќе придонесат за безбедноста и стабилноста во регионот, рече Жугиќ.

Овој извештај е дел од проектот на ОБСЕ „Зајакнување на одговорите на безбедносните ризици од климатските промени во Југоисточна Европа, Источна Европа, Јужен Кавказ и Централна Азија“, финансиран од Андора, Австрија, Чешка, Германија, Италија, Лихтенштајн, Луксембург и од Норвешка, стои во соопштението.

извор: МИА

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

СДСМ во Скопје ќе настапи со свој кандидат, во игра се и Ралев и Шукова

July 15, 2025

Времето не работи за нас, потребни се храбри одлуки за ЕУ сега, истакна Филипче

July 15, 2025

Советот на ЕУ не постигна договор за воведување на еден од најстрогите пакет санкции кон Русија

July 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Премиере, кочи малку оти ќе се тумбаме

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски ја саботира европската иднина – Македонија сама се блокира

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Национализмот на вечната жртва

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ујдурмата на „Маркет Вижн“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Никола Димитров на Сими Симпозиум: Ако ЕУ остане без вредности, тогаш е ништо!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk