Германија нема да ја ограничи употребата на вакцината против коронавирус на Џонсон и Џонсон поради случаи со згрутчување на крвта, изјави денеска директорот на државната комисија за вакцинација.
– Вакцината на Џонсон и Џонсон е безбедна и ефикасна, особено кај луѓето постари од 60 години, објасни во интервју директорот на Институтот „Пол Ерлих“, Клаус Цичутек.
Тој истакна дека ризикот од згрутчување на крвта со вакцината на Џонсон и Џонсон е „десет пати помал“ отколку со вакцината на Астра Зенека.
– Врз основа на податоците што ги добивме од САД, произлегува дека има еден случај на тромбоза на милион вакцинирани луѓе со Џонсон и Џонсон, нагласи Цичутек.
Тој најави дека Постојаниот комитет за вакцини (Стико) следната недела, врз основа на нови податоци, ќе направи нова проценка на безбедноста на вакцината на Џонсон и Џонсон.
Во исто време, Цичутек ја поздрави одлуката на некои федерални провинции повторно да ја користат Астра Зенека, не само за оние над 60 годишна возраст.
– Имаме на располагање четири безбедни вакцини, рече Цичутек.
Според него, придобивките од заштитата од коронавирус кај вакцините на Џонсон и Џонсон и Астра Зенека се многупати поголеми од можниот ризик од тромбоза.