ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Мојсовски: Три милиони евра од Буџетот ќе се насочат кон спортски субјекти

April 23, 2021 11:38
in ДЕНЕС, СПОРТ
Share on FacebookShare on Twitter

Три милиони евра,  односно 184,5 милиони денари, пари од државниот Буџет, ќе се насочат кон спортските субјекти на кои им е издаден ваучер согласно Законот за спорт. Со оваа мерка се опфатени 666 спортски субјекти, 60 федерации и 173 спортисти кои досега добиле спортски ваучер, истакна на денешната прес-конференција директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски.

Тој додаде дека средствата на Буџетот на Северна Македонија се дел од програмите за справување со последиците од КОВИД -19 кризата.

– Веќе една година сме соочени со тешкотии и проблеми во функционирањето поради коронавирусот и финансиската поддршка на спортските чинители од државата е еднократна употреба. Со оваа владина одлука усвоена на 65-та седница на наменските сметки на спортските субјекти на кои им е издаден ваучер за 2021 година ќе бидат уплатени најмногу 33 отсто од вредноста на издадениот ваучер како еднократна финансиска помош, утврдена на официјалната листа на спортски субјекти кои се објавени на веб-страната на АМС, наведе Мојсовски.

Директорот на Агенцијата за млади и спорт посочи дека процедурата е едноставна и брза.

– УЈП до АМС ќе достави лита на спортски субјекти кои се корисници на спортски ваучер и кои имаат поднесено и одобрено барање за даночно ослободување и донирање финансиски средства на спортските субјекти. Веднаш потоа АМС ќе изврши евалуација на листата и до УЈП ќе достави листа на спортски субјекти и износ на користење на остатокот на буџетот кој им е издаден за 2021 година по што конечната листа ќе биде доставена до генералниот секретар на Влада и ќе следува исплата, објасни Мојсовски.

Тој потенцираше дека Владата и АМС континуирано вложуваат во спортот со што се создаваат услови за непречено спроведување на активностите на спортските федерации, клубовите, индивидуалните спортисти.

– Тука сме со поддршка и сега и во време на пандемија да направиме се за да се овозможи развој, поголем простор и повеќе средства за нови спортски спортисти и рекреативци. Ветивме дека спортот ќе го добие своето заслужено место и поддршка и тоа го остваруваме. И во време на здравствена и економска криза силно сме посветени на изнаоѓање решение со кое што спортот и сите спортски работници во континуитет ќе бидат поддржани со цел да можат да функционираат непречено, потенцираше директорот на Агенцијата за млади и спорт.

извор: МИА

Next Post

Филипче: Во тек е вакцинација на пратениците, во мај очекуваме 26.000 дози вакцини Фајзер

НАЈНОВО

Foto: Wikimedia Commons

Додик и семејството извадени од американската црна листа

October 29, 2025
ФФМ. Фото: Б. Јордановска

Доживотна суспензија за двајца фудбалери на Беса Слупчане и суспензија од 10 натпревари за теренот

October 29, 2025
Фото: Народен театар „Војдан Чернодрински“-Прилеп

Во прилепскиот театар се подготвуваат претставите „Црнила“ и „Ловец во р’жта“

October 29, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џенифер Лоренс: Се чувствував одбиена – не поради филмовите, туку поради тоа што сум јас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Касами: Мојата изјава за Кичево е извадена од контекст и погрешно протолкувана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кај и да е ќе дојде и тој ден – овој е ретард

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Град Скопје: Мицковски лично го оркестрира хаосот во Комунална хигиена

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk