ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Османи во Приштина: Единствена алтернатива за регионот е членството во НАТО и ЕУ

April 23, 2021 11:49
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за надворешни работи на Северна Македонија Бујар Османи допатува денеска во еднодневна официјална посета на Приштина, каде што претпаднево се сретна со шефицата на косовската дипломатија, Доника Грвала, по што беше примен и од претседателката на Косово, Вјоса Османи.

Како што јави дописникот на МИА од Приштина, шефовите на дипломтиите на двете земји, на заедничка прес-конференција во косовското МНР ја отфрлија, како мошне опасна, секоја идеја за промени на границите во регионот и ја нагласија важноста на соработката меѓу соседите.

Одговарајќи на прашањето за наводниот словенечки нон пејпер за „конечно решавање“ на националните прашања во Западен Балкан преку промени на границите, Османи порача дека единствена алтернатива за регионот е неговото зачленување во НАТО и интегрирањето во Европската унија.

– Ние не смееме да упаднеме во таа стапица, бидејќи тој документ, за кој се тврдеше дека е изготвен од словенечкиот премиер, е демантиран од страна на Словенија и мислам дека не е во ред истиот да го поврзуваме со таа држава. Единствена алтератива е ширењето на НАТО за мир и интегрирањето во Европската унија, изјави Османи.

Неговата колешка, Грвала изјави дека и самото споменување на тие тези претставува опасност за стабилноста на регионот.

– Опасно е кога се појавуваат такви тенденции, со поделби и етнички линии, затоа е сосема јасно дека за нас нема значење тој документ, но е мошне опасен, бидејќи поттикнува конфликти, оцени Грвала.

Двајцата министри ги оценија односите меѓу Северна Македонија и Косово како исклучително добри и најавија нивно натамошно продлабочување

Османи информира за содржината на разговорите со неговата колешка, како и за дел од активностите на  Владата на Северна Македонија во правец на регионалното поврзување.

– Ме радува добрата соработка меѓу двете суверени и демократски држави, за создавање длабоко и цврсто пријателство, бидејќи тоа отвара можности за двете земји. Разговаравме за многу конкретни прашања и фокусот беше на економски теми, зајакнати инфраструктурни врски, олеснување на транспортот на стоки и многу други работи. Информирав за работите на автопатот од Скопје до границата со Косово, како и за нашиот проект за поврзување на Блаце, преку Скопје, Тетово, Кичево, со Струга и Ќафасан, со што ќе се заокружи Коридорот осум, како што бараат нашите граѓани, изјави Османи.

Шефот на македонската дипломатија рече дека Скопје е подготвено да ги стави на располагање на Приштина искуствата со зачленувањето во НАТО и интегрирањето во ЕУ.

– Северна Македонија, како членка на НАТО целосно ја поддржува евроатлантската перспектива на Република Косово. Изразив задоволство што од годинава и припадници на Армијата на Северна Македонија се во составот на КФОР. Наша амбиција е целосното интегрирање на шесте земји од Западен Балкан во ЕУ и како земја преговарач со ЕУ спремни сме да ги ставиме на располагање на Косово сите наши досегашни искуства во тој правец, рече Османи.

Тој додаде дека Северна Македонија ги поддржува напорите за затворање на отворените прашања во регионот, вклучително дијалогот меѓу Приштина и Белград, до меѓусебно признавање на двете држави.

– Република Северна Македонија го поддржува дијалогот меѓу Косово и Србија и смета дека негова конечна цел треба да биде меѓусебното признавање на двете држави и европскиот пат на целиот регион, изјави Османи.

Шефицата на косовската дипломатија рече дека соработката меѓу двете земји е пример за регионална соработка и нагласи дека нивна заедничка цел е зачленувањето во ЕУ.

– Северна Македонија е меѓу стратешките партнери, со кој имаме околу 30 договори за соработка и слободно можеме да кажеме дека овие две држави се пример за соработка и добрососедство, давајќи добар пример за целиот регион. Косово и Северна Македонија се движат по истиот пат, а тоа е интеграцијата во ЕУ, изјави Грвала.

Next Post

Министерот Маричиќ се сретна со претседателката на Врховниот суд, Адеми

НАЈНОВО

Глобален пад на Microsoft услугите: Погодени Azure, Microsoft 365, Xbox и авионски компании

October 30, 2025

Разговор на двајца аналфабети од градски политики

October 29, 2025

​Укинувањето на санкциите за Додик дел од договорот за повлекување од претседателската функција?

October 29, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Касами: Мојата изјава за Кичево е извадена од контекст и погрешно протолкувана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Kои се вистинските разлики меѓу Грокипедија и Википедија – и зошто тие се повеќе од технолошки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Разговор на двајца аналфабети од градски политики

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Град Скопје: Мицковски лично го оркестрира хаосот во Комунална хигиена

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk